Реклама
MAMAКафе муабет

Луѓе кои намерно предизвикуваат штета на другите, без каење: 6 знаци дека имате работа со психопат

Реклама

Психопатите не се опасни личности кои се веќе во затвор или кои се подготвени на сè.

Голем дел од нив возат убави автомобили, имаат многу пријатели и веќе функционираат нормално околу нас.

Како да ги препознаете?

Маркетинг

Тие се шармантни.

Нивниот шарм е конкретно насочен кон целта, а тие се експерти за тоа како да направат да се чувствувате посебно.

Маркетинг

Тие се обидуваат да создадат негативни реакции.

Тие ќе ве провоцираат, а потоа ќе се однесуваат на тој начин што ќе ви кажат дека не им е јасно како повторно зборувате за истата работа.На работното месо, тие ќе се однесуваат калкулирано, за да ги свртат другите луѓе против вас и да го уништат вашиот кредибилитет. Во врската, ќе се обидат да користат аргументи против вас и да ве провоцираат, а потоа ќе се однесуваат изненадено поради начинот на којшто реагирате.

Постојано ги фаќате во лага, без некаков јасен мотив

Психопатите се навикнати да го менуваат својот карактер и приказните и да ги модифицираат согласно на нивното однесување.

За нив не постои срам или вина

Единствениот пат кога тие ќе ви се извинат искрено во лице е моментот кога сè уште им требате. Доколку се сомневате дека имате ваква личност во вашиот живот, обидете се да ја забележите нејзината реакција следниот пат кога ќе направи некаква грешка.

Тие прават обид да ги свртат луѓето еден против друг

Тие постојано зборуваат за другите луѓе, правејќи ги луѓето да се однесуваат сомничаво и љубоморно.

Тие прават да се сомневате во себе

Со овие луѓе, вие секогаш сте лошата личност. Дури и тогаш кога ќе се обидат да ве изневерат, манипулираат и крадат од вас – вие сте проблемот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button