Реклама
CelebrityИнтервју

„Луѓе без осет можат да ме натераат да се повлечам веднаш“

Реклама

Таа е мајка, сопруга, пејачка, Наташа Малинкова македонската јавност на времето ја запозна како вокал на бендот „Багаж“ кои твореа кога македонската поп сцена беше во својот зенит. Излегоа многу правци на музика кои сака да ги следи. За себе ќе каже дека е пронаоѓам во новите музички трендови и мислам дека одлично се вклпуваме… а нејзиниот најголем успех се двете деца и семејството на купче.

Интервју Гламур со Наташа Малинкова

Имате убава коса. Како ја одржуваате и постои ли некоја фризура која вам лично ви се допаѓа, но немате храброст да ја направите?

Природната боја на коса што ја имам е светло костенлива, но веќе многу години ја фарбам со прамени во светла боја па така сега добив изглед на руса коса.

Маркетинг

Ја пораснав и долга, но од практични причини годинава ја скратив и сега ми е по лесно да ја оддржувам. Имам тенко влакно и не ми е баш густа. Омилената и најкул фризура ми е права пеглана така и ја носам не сум многу по фризурите, но сакам да експериментирам со боите. Ја носев фарбана на сива нијанса, виолетова и сега следно е да ја фарбам со нијанса на розе.

Како е да се биде мајка на две ќерки? И што најчесто ве загрижува или ве плаши?

Мајка е многу одговорна задача. Имам две ќерки едната е тинејџерка и има свои и поголеми барања , а другата е прваче. Интересна разлика и многу ни е забавно по дома. Секојдневно морам да се поделам да две и да ги сфатам и едната и другата возарст. Не е така едноставно некогаш се збунувам и мислам дека ќе излудам, но тоа е што е , морам да го прифатам и да се справам со тоа.

 На кои животни лекции ги учите децата?

Пред се да бидат свои а во исто време и да учат од се што ги опкружува. И од грешките вадиме поука, но и да се  учи од постари и успешни луѓе. Сега е лесно барем. Се им е достапно на социјалните мрежи. Можат многу да научат, но и да селектираат што е добро и што треба да прифатат од таму. Да научат да почитуваат и според мене , најважно од се да имаат цел во животот, да бидат амбициозни и да се стремат кон остварување на сопствените соништа. Да бидат добри и успешни луѓе пред се за себе и постојано да си се докажуваат на самите себе  и да не застанат таму туку да веруваат дека секогаш можат повеќе и подобро.

Колку често сама одиш да пазариш и дали ти приоѓаат луѓето кога ќе те препознаат?

Пазарам доста често сама да и нормално луѓето ме  препознаваат. Некои слободно приоѓаат и бараат или да се сликаат или ќе споделат со мене некој убав коментар, но има луѓе кои се срамат , јас го приметувам тоа и само гледаат така скришно и не велат ништо. Јас сум природна личност и дури во такви моменти кога гледам дека им е не пријатно или се збунети правам шеги на моја сметка и се опуштаат.

Младите девојки денеска користат премногу шминка и најчесто изгледаат постаро од нивните години. Постојано во медиумите гледаат силиконски убавици и им се наметнуваат некои нови стандарди за убавина. Кој е вашиот став за овие трендови?

Воопшто не ја поддржувам таа силиконска убавина. Девојките се слични едни на други како од калап излезени. Навистина нема потреба. Посебно младите девојки. Па тие се убави кога се едноставни и со што помалку шминка на себе. Има време кога треба да почнат да ги кријат годините. Јас сум скоро во 4тата декада од животот и се уште не користам толку многу шминка. Ми се случува многу често дури ни преку ден да не се шминкам освен кога сум на снимања и настапи нормално.”The less is more” е моето мото.

Кој Ви помага при изборот на модни парчиња при јавен настап? И колку сте спремни да пробате или експериментирате со некој нов стил?

Низ годините и според возраста, нормално го менував стилот. Во себе носам еден скриен талент. Многу сакам да дизајнирам облека, па така ми оди од рака кога  ќе почнам да комбинирам за настапи. За поголеми евенти од јавен карактер сакам да соработувам и сум соработувала со наши креатори ги има многу кои одговараат на мојот сензибилитет, но предизвик ми е и јас сама кога  креирам некој дизајн и често шијам  за фестивали спотови и слично.

Една од неостварените желби ми е еден ден да дизајнирам моја линија. Како и да е преферирам да се облекувам по младалачки, таков ми е духот.

 

На секој човек понекогаш му се случува да се разочара од својата околина и луѓето што ги има околу себе. Што е она што тебе може да те натера да се одалечиш од некого? И како се справуваш со оние моменти кога чуствуваш дека те обзема некоја тага?

Во последно време често се разочарувам од луѓето околу мене.

Има луѓе многу себични и безчувствителни. Тие што се мои блиски пријатели и семејството ми се најважни и со нив се трудам максимално да ја оддржувам комуникација на позитивно ниво.Не знам зошто на останатите им е толку битен туѓиот живот… за да имаат муабет на маса веројатно. Баба ми секогаш ме потсетуваше на една стара и многу паметна мисла… “луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат.”

Пробувам да игнорирам се што ќе слушнам или ќе видам, знаејќи дека тоа не е во ред.  Искрено не можам баш секогаш  ама се трудам.  Луѓе без осет можат да ме натераат да се повлечам веднаш.А, во моментите на тага  слушам одреден тип на музика, најчесто смут џез  и сакам некое време да бидам сама.

 

Како ја одржуваш твојата линија? Внимаваш ли на исхраната?

Среќа што имам брз метаболизам и немам посебни проблеми со исхраната и мојата телесна тежина. Веројатно станува збор за гени, но по природа сум спортски тип. Има периоди во текот на годината кога вежбам и внимавам на исхраната, но има и такви кога сето тоа го игнорирам.Имам многу настапи кои се многу захтевни и дополнително ме исцрпуваат така да во последно време  гледам да најдам повеќе време да одморам преку ден за да имам енергија навечер додека пеам.

Дали кај нас може да се живее од музика?

Ќе бидам многу децидна по ова прашање. Немаме толку голем пазар за да имаме поголем финансиски обрт и да речам дека можеме да живееме само од музика знаејќи колку се вложувањата  во неа за спотови и песни во однос на хонорарите.

И уште еден тон споредни работи во што треба да вложи една  јавна личност за да биде актуелна. Начинот на кој јас ја градам мојата кариера е на база на одлични настапи, професионално однесување, дисциплина во работата и тоа нашите партнери го препознаваат  и тука останувате во игра.

Кои се следните музички планови?

Најново е мојот последен сингл со спот за ” Биди со мене” а од пред некој ден тоа што го позајмив мојот вокал во една од темите на Cyrillic за “Севда”. Следно во двоумење сум да извадиме нова авторска тема или пак ремикс на наша авторска од  2013г. кој веќе е скоро готов. Како и да е, битно е тоа што ќе правиме многу музика во иднина и ќе се дружиме со нашите фанови на настапите низ Македонија.

Подготви: Берта Мартиноска

Поврзано

Back to top button