Нејзините обожаватели секојдневно можат да прочитаат по некоја мудра мисла од неа.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Да, Сузана Турунџиева е жената која има и може да зборува на многу теми. Знае како моќно да говори во јавност, па секоја нејзина објава предизвикува низа коментари.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Така овој пат се обрати до своите следбеници посочувајќи поучна мисла за вистината и лагата со која секако се сложија многумина.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
…Легендата вели дека еден ден се сретнале вистината и лагата.
– Добар ден, рекла вистината.
– Прекрасен ден, рекла лагата.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Вистината ја кренала главата горе за да провери, и навистина денот бил прекрасен.
– Прекрасен ден навистина – рекла вистината.
– Уште попрекрасно е езерото – рекла лагата.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Вистината повторно решила да провери и кога се завртела забележала прекрасно езеро.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Лагата отишла до водата, ја допрела со рака водата и рекла: Водата е многу топла, ајде да попливаме!
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Вистината се приближила, и се уверила дека навистина водата е создадена за пливање. Така се сложила со лагата и решила да и се придружи.
Ги соблекле двете облеките и влегле да пливаат.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
По некое време, лагата излегла од вода, ги облекла алиштата на вистината и заминала. Вистината не можела никако да ги облече алиштата на лагата. Затоа излегла, и потполно гола си тргнала по патот, додека сите се згрозувале гледајќи во неа…
фото инстаграм/Сузана Турунџиева
Оттогаш луѓето повеќе сакаат да ја видат лагата, облечена во одело на вистината, отколку голата вистина.
фото инстаграм/Сузана Турунџиева