Луна Џогани конечно го откри полот на бебето, а потоа и како ќе се вика – погледнете ја и новогодишната бајка во нејзиниот дом
Луна Џогани и Марко Миљковиќ го дознаа полот на бебето и веднаш ги споделија вестите со фановите.
Поранешниот ријалити пар сподели пресреќни вести и повторно ги израдува своите фанови.
Имено откако пред извесен период на социјалните мрежи објавија дека Луна е во блажена состојба и дека чекаат бебе, овој пат направија и пренатален тест.
Тие претходно веќе одлучија дека детето ќе им се вика Миа ако е женско или Лука ако е момче, а откако Луна се искачи на покривот и ја отвори кутијата од која излетаа розови балони, сите дознаа дека е девојче.
„Јас убаво кажав, сите ми зборуваа дека е машко, а моето дете го фати инает. Девојчето ќе се вика Миа, јас сум пресреќна“ изјави радосно идната мама.
Тие не можеа да го сокријат емоциите, но и среќата што во тој момент и двајцата ја чувствувале.
Впрочем тоа се гледа и во видеото што Луна го објави на свите профили на социјалните мрежи.
„Ќе ни пристигне уште една преубава девојка Миа“, додаде момчето на Џогани, Марко.
По видеото почнаа да пристигаат честитки од нивните бројни фанови од целиот регион.
Новогодишна бајка
Младата пејачка бидејќи е во блажена состојба својата музичка кариера ја стави во пауза, а со својот свршеник често снимаат видеа што ги објавуваат на „Јутјуб“.
Тие деновиве решија и да го декорираат нивниот дом, а потоа ја покажаа и нивната празнична атмосфера.
Можеме да видиме дека идните родители се потрудиле секое детаљ да го украсат како што сакаат.
И додека Марко ја местеше елката, Луна го украсуваше станот со светкави лампиони.
„Мојата куќа“ – напиша Луна на Инстаграм, а потоа сподели и како изгледа новогодишната магија.