Реклама
Наши ѕвезди

Луна откри кој е виновен за нејзиниот провокативен изглед – фановите шокирани

Реклама

Многумина се прашуваат кој е стилистот на Луна

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Победничката во „Задруга 2“ откако излезе од шоуто постојано е во центарот на вниманието. Таа снимаше спот со кој помина одлично кај публиката, а често е присутна на разни настани и во телевизиски емисии, така што нема ден да помине, а медиумите да не напишат нешто за неа.

Но Луна покрај пеењето вниманието го привлекува и со својот изглед и модните комбинации што ги носи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

И додека на едни им се допаѓа како пее и како изгледа, други го критикуваат нејзиниот провокативен стил.

Па така сите се прашуваат кој е идејниот творец на нејзините необични комбинации, а многумина ќе бидат изненадени кога ќе дознаат за кого всушност станува збор. Имено, личен стилист на Луна е Анабела Атијас, нејзината мајка.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„Мојата мајка е задолжена за моите костими и костимите на моите играчи. Таа ќе замисли што треба да носиме и како тоа да го ископаме. Таа се ќе замисли до најситни детали. Не знам како тоа го пронаоѓа, таа ќе ме облече мене и моите танчерки и тука не греши. Затоа тоа и го препуштам целосно на неа“, откри Луна во емисијата „Максимално опуштање“.

Инаку, младата пејачка неодамна беше во центарот на вниманието и поради нејзината одлука да направи пластична операција и да го зголеми деколтето.

Фото: Инстаграм/ Анабела Атијас

Тогаш нејзината мајка немаше ништо против таквата нејзина одлука, па во една пригода за медиумите изјави:

„Имам докторка што се грижи за моето лице, но не сакам да претерувам, бидејќи на време почнав да се грижам за мојата кожа. Што се однесува до естетската хирургија, немам проблеми, јас пред 20 години направив силикони кои наскоро ќе морам да ги променам. Лицемерно би било да не и дозволував на Луна да ги зголеми градите, ја разбрав нејзината потреба и целосно ја има мојата поддршка за тоа. Мене ми е важно само нејзиното здравје и насмевка“.

Поврзано

Back to top button