Како да се на меден месец
Младата пејачка Луна Џогани и нејзиното момче Марко Миљковиќ уживаат во љубовта како да се на меден месец. Тие успеаја да ја одржат својата врска и покрај големите турбуленции и препреки што ги имаа досега.
Сепак, откако победничката во „Задруга 2“ го напушти шоуто нивната љубов цвета. Тие се постојано заедно, па дури и на социјалните мрежи постојано објавуваат заеднички фотографии од нивниот секојдневен живот.
Луна и покрај големите обврски што ги има по победата во шоуто, секогаш пронаоѓа време и за уживање, а овој пат со саканиот завршија во еден спа центар и направија неколку фотографии додека се забавуваа во џакузи.
Новопечената пејачка на својот „Инстаграм“ објави заедничко видео, а нејзините обожаватели беа воодушевени што имаа прилика да ги видат и новите гради во кои неодамна „инсталираше“ силикони.