Ивана Хџиванова, еден од најбараните психлози кај нас, неодамна замина на одмор и тоа не било каде туку во Куба.
Ова патување, очигледно по фотографиите кои ги објави, ѝ донесе многу инетерсни можности и нови доживувања.
Ретко кој би се одлучил за летен одмор во оваа островска земја, но Хаџиванова како и во сѐ, така и во ова е поинаква од останатите.
Таа е една од најбараните психолози кај нас. Доколку побарате совет за тоа на кој психолог да го оденсете детето, многумина ќе ви ја препорачаат неа- м-р Ивана Хаџиванова.
Бидејќи кај неа за термин се чека, поради големата пребукираност, Ивана по напорната работа навистина го залсужи овој одмор.
Куба ѝ донесе навистина интерсни доживувања и денови исполнети со многу нешто што ги нема на друго место.
Очигледно можностите кои ги нуди Куба за забава се неограничени. Низ фотографиите на Ивана можевме да заклучиме дека таа таму си поминала лудо и незаборавно.
Со пура во рака во розов кабриолет , како тој на „Барби“ шармантната девојка насмеана ужива во слободните денови. Колку што можевме да заклучиме таму е со пријатели. И дефинитивно ужива до бескрај!
Психолог, гешталт психотерапевт и супервизор, оаа девојка е искусен професионалец од областа на менталното здравје, со повеќе од десет годишно работно искуство. Поседува искуство и сертификати и за работа со родители на деца со посебни потреби, како и за „Прва психолошка помош’’- (Johns Hopkins University).Впрочем, нејзина специјалност е врсничкото насилсво или булинг.
Ивана е основач и директор е на НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика тренинг и едукација во Скопје, каде предводи тим од стручни лица. Во склоп на центарот, работи со сите возрасни категории деца, адолесценти и возрасни, вклучително и терапија со игра за деца, за која е сертифицирана.
Важи за една мноу интересна и впечатлива личност, како по својот изглед, кратката фризура која во превод значи храброст кај една жена, но и по однесувањето, таа отскокнува со својата појава, во секоја смисла на зборот.