Луда и незаборавна забава – погледнете како изгледала ќерката на Џаро на својата свадба
Познатата македонска новинарка сподели фотографии од својата свадба.
Милица на интересен начин му ја честиташе годишнината од брак на својот сопруг.
Новинарката Милица Џаровска е активна на социјалните мрежи, каде постојано споделува фоографии од убавите моменти во нејзиното семејство.
ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска
Таа е ќерка на еден од најдобрите и најпознатите менаџери во Југославија Велибор Џаровски – Џаро.
Во текот на својата кариера Џаро имаше можност да соработува со најголемите музички имиња – Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, Бјело Дугме и многу други.
ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска
Секогаш отворено и искрено зборувал за својот турбулентен начин на живот и местенките кои ги направил во фудбалските натпревари.
Тој е вистински пример како човек може да се издигне од секоја лоша ситуација како Феникс, а него тоа му успевало многу пати.
ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска
Неговата ќерка Милица напиша биографска книга за него, во која наведе анегдоти од неговиот бурен живот.
ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска
Милица по професија е новинар, но е и многу активна на Инстаграм.
По повод годишнината од брак таа сподели фотографии од својата свадба.
На сопругот Игор му ја честиташе годишнината на многу интересен начин:
„Среќна 18-ка Игор. Свадбава е уште најдобрата журка на која сум била. И фала што правиш добро макало“, напиша Милица.