Вирално

Лоши вести од Швајцарија – научниците предупредуваат дека човештвото ќе се соочи со страшни последици!

Advertisement

Ројтерс со фото-монтажа покажа како изгледаат Швајцарските Алпи пред и по топењето на глечерите.

Принтскрин

На една кривина на патот што води кон врвовите на Алпите во Швајцарија се наоѓа хотелот „Белведере“ кој е направен во 1880 година. Во старите туристички водачи можете да прочитате дека токму од ова место се пружа најубавата глетка на еден од најголемите глечери Роне. Но хотелот не работи повеќе затоа што глечерот се намалил за повеќе од два километри и погледот не е атрактивен како порано.

Advertisement

Швајцарија само во последните неколку години остана без повеќе од 500 глечери по кои инаку е позната како земја. Имено, поради климатските промени глечерите се стопија и слеаја во реки. Поради тоа нивото на реките се зголеми, но научниците кои се занимаваат со оваа проблематика предупредуваат дека ова е на кратки стази, односно дека во блиска иднина водата во реките ќе се намалува и дека земјата ќе има проблеми со вода за пиење.

Ројтерс со фото-монтажа направи споредба на планинските масиви со глечери и без нив за да покаже колкава е разликата.

Научниците предупредуваат дека до крајот на векот ќе се стопат и исчезнат преку 90 % од глечерите, а во моментот има останато уште 1500. Тоа влијае и на карпите кои што глечерите ги покриваат, кои поради топењето ќе почнат да се одронуваат и ќе почнат да ги загрозуваат патните правци, но и населбите кои ќе бидат во ризична зона поради одроните.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button