Реклама
LIFESTYLEВирално

Лоши вести и од Германија – ова може да влијае и на Македонија. Не’ „ОБВИНУВААТ“ за новото ширење на вирусот и во оваа земја

Реклама

По Финска, и Германците имаат проблем со „нас“ заради ширењето на вирусот корона?

Весникот „Зидојче Цајтунг“ ја цитираше изјавата на министерот за здравство на Баварија, Мелани Хумл, според која големата разлика во процентот на заразени лица се објаснува со фактот дека Станицата за тестирање на автопатот А3 „во голема мера ја користат патниците од Западен Балкан“.

Маркетинг

На тест станиците на германските автопати, најголем процент од заразените со Ковид-19 е пронајден во одморалиштето на автопатот А3, што главно носи патници од Западен Балкан во Германија.

Според „Дојче веле“, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање поставен на одмаралиштето на автопатот А3 Донаутал-Ост (Дунавска котлина Исток).

Маркетинг

Од отворањето на Центарот за тестирање, 16.856 патници дозволиле да им биде земен брис. Од нив, 410 беа позитивни.

На подрачјето за одмор во Хофелн, на автопатот А8, процентот на заразени лица е помал (1,2 процент), а уште помалку има во одморалиштето Интал-Ост, на автопатот А93 (0,4 проценти).

На автопатот А8 биле тестирани 11.509 лица, а 137 биле заразени, додека на А93, од 7.285 тестови за присуство на коронавирус, 32 од нив биле позитивни.

Весникот „Зидојче Цајтунг“ ја цитираше изјавата на министерот за здравство на Баварија, Мелани Хумл, според која големата разлика во процентот на заразени лица се објаснува со фактот дека тест станицата на автопатот А3 „широко ја користат патниците од Западен Балкан“.

Новинарот  потсетува дека предупредувањата на германското Министерство за надворешни работи да не патуваат во земјите од Западен Балкан заради зголемениот ризик од инфекција се уште важат за сите земји од тој регион.

Во последниве денови, бројот на ново заразени повторно почна да се зголемува во Германија.

Во извештајот на Зидојче Цајтунг се најавуваат засилени контроли на задолжителното носење заштитна маска и физичко растојание од 1,5 метри во Баварска, како и зголемено присуство на полицијата на шеталиштата, базените и јавните паркови, изјави Дојче Веле.

Еве за што зборува цела Европа

Дали патувањата на луѓето од Балканот и од Турција во август ќе бидат опасни за ситуацијата со вирусот корона во Германија, е прашање, како што пишува „Велт“, на кое е тешко може точно да се одговори.

Во врска со неколку наслови во германскиот печат за фактот дека граѓаните кои доаѓаат од одмор од земјите од Југоисточна Европа го носат вирусот корона во Германија, Дојче Веле го поставува прашањето дали „вирусот навистина доаѓа во Германија од Балканот“.

„Оние кои по одморот доаѓаат од државите од Југоисточна Европа, го носат вирусот во Германија“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“.

Во март, уделот на луѓето кои влегоа во Германија со инфекција беше над 50 проценти, но, по ограничувањата на патувањето, брзо падна под 10 проценти.

„Сега повторно расте“, пишува хамбуршкиот весник, како што пренесува ДВ, а потоа цитира и податоци од извештајот на Институтот „Роберт Кох“, според кој 7.977 нови случаи на инфекција биле регистрирани во Германија во првите четири недели од јули.

Според податоците, од овие 303 случаи биле од Косово, 242 од Србија, 70 од Турција, 67 од Босна и Херцеговина, 36 од Романија, 29 од Хрватска, 27 од Бугарија и 25 од Македонија.

„Сè на сè“, пишува весникот „Велт“, „тоа е околу 800 случаи од Југоисточна Европа од вкупно околу 8000 случаи во Германија регистрирани во тој период, што значи околу 10 проценти“.

„Прашање е дали овие бројки ќе се зголемат во август, за време на празничната сезона кога луѓето од овие земји традиционално одат во посета на роднините во татковината“, додава „Велт“. Во продолжение на текстот кој Велт го објави со наслов „Балканскиот корона пат“ , се опишува ситуацијата во неколку балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија.

.Дали патувањата на луѓе од Балканот и од Турција во август ќе бидат опасни за ситуацијата со короната во Германија, е прашање, како што наведува „Велт“, на кое тешко може точно да се одговори.

„Речиси е невозможно да се добијат сигурни броеви, но постојат многу индикации дека помалку луѓе од Југоисточна Европа оваа година ќе патуваат во својата татковина“, пишува германскиот весник. Во меѓувреме, како што пишува понатаму Дојче веле, еден нов случај го бележи радиото „Мој Дортмунд“ на својот портал Radio912.de.

“Семејството од Дортмунд го донесе вирусот корона од одмор во Србија. Според податоци од здравствените власти, тие тргнале на патување со автомобил, а по нивното враќање, пет члена на семејството биле тестирани позитивно за ковид 19. Во недела, во Дортмунд биле регистрирани осум нови случаи. во сабота 16 “, се наведува во радиото.

Ова може да влијае и врз Македонија

Претходниот ден Во Германија беа потврдени 1.226 нови случаи, што е најголем број на лица заразени со вирусот корона на дневна основа повеќе од три месеци.

Во Германија, бројот на заразени со вирусот корона продолжува да расте. Бројот на потврдени случаи на инфекција е зголемен за 1.445 – на 219.964, според денешните податоци на Институтот „Роберт Кох“.

Во текот на вчерашниот ден, во Германија беа потврдени 1.226 нови случаи, што е најголем број на лица заразени со вирусот корона на дневна основа повеќе од три месеци.

Во текот на вчерашниот ден во Германија од вирусот корона животот го изгубиле уште четири лица, а од почетокот на пандемијата вкупниот број на лица што го изгубиле животот од Ковид е 9211 пренесува Ројтерс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button