Вести

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ПУШАЧИТЕ – Еве колку поскапуваат цигарите!

Advertisement

Со одлука на Владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година.

Со овој закон, се ставаат на товар увозниците со нови давачки при увозот на цигари, пури и цигарилоси, со што дополнително се оптоварува буџетот на граѓаните на цена на државата, а ќе влијае и на увозниците во иднина.

Advertisement

Фото Пекселс

Во делот за цигари се додава нов член 84-а кој гласи:

Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина.“

Според јавно објавениот документ, со одлуката на владата на членот 85 се додава дополнителен член 85-а со кој се утврдува акцизата на пурите и цигарилосите и истата гласи:

Фото Пекселс

(1) Акцизата на пури од член 79 од овој закон изнесува 21,37 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

(2) Акцизата на цигарилоси од член 79 од овој закон изнесува 10,00 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

Со овој предлог според увозниците и продавачите на мало, се дестимулира работењето, на цена на досега ненаправените промени за увоз на пури и се стимулира шверцот на физичките лица, кои не престано носат тутунски производи од други држави кои имаат далеку помали давачки од нашите.

Фото Пекселс

Во разговор со дел од нив, ова претставува досега невидено оптоварување, и единствени се во изјавите дека со ова само дополнително ќе се стимулира црниот пазар, кој за жал не придонесува ништо добро за државата, која има обврска да ги штити увозниците од нелојалната конкуренција и шверц.

Исто така, она што е важно да се потенцира е дека досега оваа власт, а и ниту една претходно, никогаш при носење на законите, не го слушнала гласот на увозниците и проблемите со кои секојдневно се соочуваат и одлуките се носат зад затворени врати.

Фото Пекселс

За 5 денари по кутија поскапуваат сите цигари, чија акциза се зголемува согласно законските измени. Поскaпо ќе се продаваат и пурите и цигаросите, како и електронските цигари.

Само со заголемување на акцизата Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. За пушачите ќе има нов удар по Нова година кога акцизата дополнително ќе се зголеми за 0,23 денари по парче, или нови 5 денари.

Согласно законот, секој 1 јануари во наредните 6 години, односно до 2030 акцизата ќе зголемува.

Во петок исто така ќе поскапат околу 500 суплементи, меѓу кои витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца.

Листата производи чие ДДВ се зголемува од 5 на 10 отсто ќе биде објавена утре, а ќе стапи на сила веќе следниот ден. По повисока цена ќе се продаваат сите мултивитамински препарати, кои содржат витамин Б, Д и Е, магнезиум, витамин Ц од 1,000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидрација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница.

Фото Пекселс

Со поскапувањата ќе се зголемат трошоците за живот, предвидува и ММФ во најновиот извештај. Наспроти очекувањата на власта дека инфлацијата до крајот на година ќе достигне 5, 6%, Меѓународниот фонд прогнозира 10 процентна инфлација, што е меѓу највисоките во регионот.

Поголема, над 12 отсто ќе има само Србија. Високата инфлација и високите каматни стапки се ризик за глобалниот економски раст, предвидува ММФ, кој ќе биде значително помал од првичните прогнози, а инфлацијата нема да се врати на посакуваното ниво до 2025.

Во Извештајот ММФ прогнозира дека македонската економија оваа година ќе има раст од 2,5%, глобалната 3 осто, развиените економии само 1,5, а земјите од еврозоната 0,7 процентен раст.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button