Вести

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ОВИЕ ГРАЃАНИ – Остануваат без 14.000 денари на своите сметки!

Advertisement

Се зголемува минималниот износ за К-15, кој, за оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари, велат новите пресметки.

Со растот на просечната плата, расте и К-15.

Advertisement

Според пресметките ваквата бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски започна од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.

Некои од компаниите им го исплатија К-15 уште веднаш, но многу го чекаат последниот воз.

Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15. Рокот за кој ќе мора да се исплати К-15 е 31. декември.

Обврската за задолжителна исплата на К-15 стапи на сила во 2014 година кога на вработените во приватниот сектор како средства за годишен одмор им беа исплатени по околу 8.400 денари.

Работодавците имаат обврска до крајот на годинава да исплатат регрес но имајте на ум дека не на сите работници им следува К 15.

Во кои случаи не ве следува годишен регрес?

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор.

К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Треба да знаете и дека минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 % од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.

Но, имајте на ум дека се работи за 40% од просечната нето плата во Република Македонија, а не просечна плата во вашата компанија.

Просечната плата во РМ се менува често, зависно од месецот во кој сакате да го исплатите регресот за годишен одмор треба да проверите во тој месец колку е просечната плата во РМ.

Оваа година К-15 ќе добијат и административците од 10.000 денари, а од наредната година сумата која ќе им се исплаќа на буџетарите ќе биде 30 отсто од просечната плата.

Казните за неисплатен К-15 се високи и достигнуваат неколку илјади евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button