Реклама
Новости

Лоши вести за Македонците што живеат во Германија : Ситуацијата е многу, многу сериозна

Реклама

Германската канцеларка Ангела Меркел бараше нови овластувања за да и овозможат да воведе нови рестриктивни мерки и полициски час каде што има поголем број на заразени со коронавирусот велејќи дека третиот брајн на пандемијата цврсто ја зафатил Германија.

Меркел побара вакви овластувања бидејќи досега за воведувањето и укинувањето на мерките беше одговорност на покраинските власти, но многумина од нив ги олабавија мерките што ја натера Меркел да побара законско овластување и закон со кој ќе може да воведе построги мерки.

Маркетинг

„Ситуацијата е сериозна, многу сериозна. Промената на законот треба да ѝ помогне на земјата да излезе од страшната фаза на растечки број новозаразени“, рекла денеска Меркел за време на расправата во Парламентот.

Меркел, исто така, ја бранеше особено спорната мерка полициски час помеѓу 21 и 5 часот наутро, која автоматски ќе се воведе во областите каде што седумдневната инциденца ќе надмине 100 за три дена по ред.

Маркетинг

„Станува збор за минимизирање на вечерниот сообраќај од едно до друго место, вклучително и со јавниот превоз“, рече Меркел. Сепак канцеларката наиде на негодување од страна на опозицијата која најави и тужба пред Уставниот суд против мерката полициски час.

„Идејата за усогласување на мерките низ целата земја е точна, но прописите за планирање за да се спречат ноќни излегувања е сомнителна од уставна и правна гледна точка“, рече претседателот на ФДП Кристијан Линднер во парламентарната дебата.

Реагираше и Десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) исто така смета дека воведувањето на ноќниот полициски час е неуставна мерка.

Законот се очекува да биде усвоен во Бундестагот, благодарение на мнозинството од владејачката демохристијанско-социјалдемократска коалиција.

Гласањето е закажано за во четврток, а законот може да стапи во сила од 26 април.

Ако планот на Федералната влада помине, наскоро областите и градовите ќе бидат обврзани да воведат строга блокада со ноќна забрана за движење. На тој предлог се врти критика, но има и такви кои сметаат дека не може да биде поинаку, пренесува „Дојче Веле“.

Доколку биде усвоен овој дополнителен став од Законот за заштита од заразни болести, секој округ и град во Германија ќе бидат обврзани да воведат исти мерки во случај да има повеќе од сто нови случаи на корона на 100.000 жители во последните седум дена.

За време на третиот бран на пандемијата, таа таканаречена инциденца го надмина просекот на цела Германија. Во моментов, само една четвртина од областите или градовите се под таа бројка што властите ја прогласија за критична.

berlin deДоколку се изгласа став 28б ова би било еден од најстрогите затворања, областите со голема инциденца ќе мора да затворат буквално сè, освен супермаркетите, аптеките, аптеките и бензинските пумпи, додека рестораните можат да издаваат храна. Исто така, ќе биде воведена забрана за движење помеѓу 21 и 5 часот наутро – освен за одење на работа или лекар и изнесување на кучето, тогаш не би било можно да се движите надвор, па дури ни да одите.

Собирите во приватниот простор би биле ограничени построго, така што членовите на домаќинството можеле да видат најмногу еден возрасен човек кој не живее со нив, несметајќи деца под 14-годишна возраст.

Според нацрт-законот, ако инциденцата надмине 200 – што во моментов е случај во 73 од околу четиристотини области – и училиштата и градинките ќе мора да бидат затворени. Останува можно да се направи исклучок за учениците од последното одделение.

Сепак додека Меркел се обидува да преземе контрола во борба против пандемијата со коронавирусот нејзиниот Кабинет е и мета на критики што воопшто не ѝ оди во прилог со оглед на тоа дека изборите се во Септември.

Лидерот на германската демохристијанска унија (ЦДУ), Армин Лашет, на внатрешниот состанок ја доби поддршката од врвот на таа владејачка партија да биде кандидат за наследник на Ангела Меркел за канцелар на изборите во септември, потврдија извори од ЦДУ Ројтерс денес.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button