Реклама
Home Sweet Home

Лондонско „Иглу“ кафуле во кое радо би се напиеле варено вино

Реклама

Погледнете го ова волшебно место …

Британскиот главен град е една од најпосетуваните дестинации за туристите од целиот свет. Лондонските улици се познати по својата убава естетика, а секој агол носи некое ново изненадување. Шармантните куќи и вили ги краси архитектура која е вредна за восхит, додека во урбаниот центар на градот изникнуваат стаклени облакодери со популарните „покриви“ („rooftop“). Па ако периодов се подготвувате да патувате во Лондон или само поминувате низ градот на патот кон вашата крајна дестинација не заборавајте да го посетите кафулето со прекрасен поглед на „Tower Bridge“.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BkFWOYag1yX/

 

Маркетинг

„Coppa Club“ е една од омилените локации во Лондон на многу туристи, локалци и бизнисмени кои доаѓаат таму за да уживаат во одлична храна, топли пијалаци и магичното зајдисонце. Кафулето Иглу е создадено за зимско уживање под ќебенце покрај обичен разговор со пријателите, а како тоа изгледа можете да проверите во продолжение.

Иглу Кафе со поглед на мостот

Зимата во Лондон е посебна поради неколку причини, а една од нив сигурно се и кафулињата кои нудат прекрасни погледи на замрзнатиот град. „Iglu Coppa Club“ преку зима под ѕвезденото небо е едно од најбараните ИТ места во градот каде можете да испиете топло чоколадо, а преку лето се претвора во „party“ дестинација каде што забавата со магични коктели ви е обезбедена. Популарноста на иглу концептот започна пред неколку години и тоа токму тука. По должината на реката Темза отворени се уште неколку слични кафулиња, а во Њујорк на еден од највисоките облакодери, исто така, е отворена нивната верзија на ваквите кафулиња. Не можете да направите грешка ако дојдете во „Coppa Club“ бидејќи студените утра и ѕвездените ноќи од овој прекрасен облакодер навистина изгледаат волшебно.

„Coppa Club“ заслужено ја освои титулата на „Instafamous“ кафуле. Имено, секој агол на покривот на облакодерот е одличен за фотографирање, а зимската декорација дополнително ја дополнува целата приказна. На терасата постојат неколку стаклени конструкции кои потсетува на игла, а внатрешноста е опремена освен со маси и топли ќебиња, перници од крзно и со феноменални декоративни светилки. Околу секоја купола има раскошни зимзелени растенија кои го прават впечатокот под ѕвезденото небо уште поубав.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button