Лоба посреќна од било кога – врескаше кога ја погледна оваа личност
Македонската пејачка врескаше од среќа на аеродром.
Лоба посреќна од било кога, а покажа и поради кој.
Викторија Лоба е една од најубавите жени на македонската естрада.
ФОТО: Инстаграм / Викторија Лоба
Родена е во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје.
Во музичките води запловува уште на најрана возраст, а во 2003 година во дует со Марија Арсова беа првите девојчиња што ја претставуваа Македонија на Детската Евровизија со песната „Ти не ме познаваш“, кога освоија 12 место.
ФОТО: Инстаграм / Викторија Лоба
Освен континуираната нега, за нејзината убавина „виновна“ е и генетиката.
Таа има и од кого да ја наследи својата убавина.
ФОТО: Инстаграм / Викторија Лоба
Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии и со нејзината мајка.
Она што може да се забележи е тоа дека нејзината мајка Татјана Лугатова изгледа предобро за своја возраст, па луѓето добиваат впечаток дека ѝ е сестра на пејачката.
ФОТО: Инстаграм / Викторија Лоба
Лоба во една прилика откри дека многу сака своето утринско кафе да го пие со нејзината мајка.
На својот Инстаграм профил пејачката објави видео на кое ја дочекува својата мајка со букет цвеќе на аеродром, а во опис напиша „Мама е дома“.
Пејачката вреска од среќа на видеото кога ја здогледува својата мајка.