Реклама
Интервју

Лина Пејовска: „Сакам да бидам на иста сцена со Џеси Џеј“

Реклама

Девојчето со боженствен глас кое македонската јавност имаше можност да ја запознае преку шоуто „Ѕвездичките на Пинк“, оваа година повторно имавме можност да ја видиме на фестивалот„ Макфест“.  Таа ја испеа моќната балада „Нема“, потпишана од нејзниот веќе редовен соработник Дарко Димитров, кој се погрижи за музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите му се заеднички со Огнен Неделковски. 

Што пееше Лина кога беше малечка пред огледало?

Како мала?! Пеев се што тогаш беше хит на домашната и светската сцена! Од песни од детски фестивалчиња до Тоше, од Ју песни до Адел , Бјонсе…

Маркетинг

Од кој жанр кој и не толку својствен за тебе би испеала песна?

Генерално ги сакам сите жанрови а многу би сакала да отпеам и да се пробам во хеви-метал кој воопшто не е својствен за мене а изобилува со преубави балади.

Со која светска музичка ѕвезда сакате да бидете на иста сцена?

Дефинитивно Џеси Џеј!

Маркетинг

Каков би бил светот според тебе, доколку во него нема музика?

Аууу не би сакала ни да замислам! Не сакам таков свет! Сигурно би бил монотон и досаден. И затоа ќе кажам Музика, музика и само музика!

Што следно може да очекува публиката од вас?

Многу нови песни и видео записи. Се надевам дека публиката тоа го сака од мене а јас ќе направам таа да ужива во тоа.

 

Поврзано

Back to top button