Лила позираше во црн костим за капење, па се пофали со папучите со цена од која боли глава (фото)
Еве како познатата водителка ужива за сите пари
Водителката на Инстаграм овие денови објави серија фотографии и снимки со кои никого не остави рамнодушен.
Нашата позната водителка Лила Филиповска веќе неколку дена ужива во Бодрум од каде редовно се огласува на социјалните мрежи.
И откако најпрво се пофали со хотелот во кој е сместена и покажа како ужива во него, таа објави и неколку фотографии и снимки на кои е во еден од омилените костими за капење за оваа сезона.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Станува збор за црн едноделен модел со кој Лила ги истакна сите предности на своето женствено тело, па изгледаше божествено.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа во ова издание изгледше минимум десетина години помладо, па ретко кој би кажал дека оваа дама зачекори во шестата деценија од животот. Но за нашата водителка годините очигледно се само бројка, па таа ужива во животот како никогаш досега, а тоа го потврди и со коментар оставен под едни од овие фотографии.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Само Бог знае зошто, а јас немам замерки“, напиша Лила под фотографиите на кои позираше во црно фустанче, но и со новите папучи.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено Лила се пофали со новите црни папучи од еден од најпознатите светски брендови кои веднаш ги проба, а кои на официјалната страница на оваа модна куќа можат да се најдат за нешто под 800 долари.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Како водителката изгледаше во ова свое издание, но и за какви нови „бебиња“ станува збор, погледнете во продолжение…