Лила и во шестата деценија во оскудно издание изгледа НЕВЕРОЈАТНО – има тело како грчка божица
Водителката со своите фотографии никого не остава рамонодушен
Лила само за оваа објава собра 2000 и кусур лајкови…
Во морето фотошопирани фотографии што познатите личности од цел свет ги објавуваат на своите профили на Инстаграм, оние дами што тоа не го прават, односно што на фотографиите изгледаат онакви какви што се и во природниот живот, секогаш се вистинско освежување.
Една од нив е секако и Лила Филиповска, нашата позната убавица која секогаш знае како да ги изненади своите бројни фанови.
Таа неодамна објави една фотографија од нејзиниот одмор во Турција на која и без филтри и ефекти изгледа феноменално.
Впрочем за тоа зборуваат бројните коментари и лајкови што Лила ги доби под оваа своја објава, посебно од голем број мажи кои не можат да останат рамнодушни на убава жена во вакво издание.
Имено, Лила позираше во долниот дел облечена во црн костим за капење, а горе во разиграна црна блуска со карнери и широки ракави во кои водителката изгледаше како вистинска заводничка.
Познатата водителка позираше покрај базенот во хотелот во кој беше сместена, а позата и нејзините пропорции едноставно оставаа без здив.
Треба само да напоменеме дека оваа објава само за неколку часови собра преку 2000 лајкови и голем број коментари.
И сите до еден се согласни дека Лила никогаш не изгледала подобро и дека се уште е една од најпосакуваните дами во Македонија.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска