Лила замина од Македонија, а на овој „патник“ во авионот не можеше да му одолее – еве каде си ужива сега
Сезоната може да започне
Познатата водителка замина од Македонија
Нашата позната водителка Лила Филиповска ги спакува куферите и повторно замина на една позната дестинација.
Имено, таа објави неколку фотографии од аеродромот, а ја покажа и екипицата со која овој пат замина за Бодрум.
Очигледно водителката реши и оваа година да ја отвори сезоната во Турција, а со фановите сподели снимка и од авионот.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа го сними и најслаткиот патник во авионот, песот Лате, а претходно објави и видео со своите мачки кои ќе и недостигаат.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Ќе ми фалат, напиша таа на снимката на која се гледа како се гушка со миленичето во нејзиниот дом.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката покажа и како беше облечена за ова патување, а она што не можеше да помине незабележано беа патиките.
Имено, Лила носеше долг црн фустан и мала чантичка од Луј Витон, а целото издание го заокружи со бели спортски патики.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„Летнав, да не ме мислите“, напиша таа во описот на фотографиите што ги објави, а како изгледаше, погледнете во продолжение…