Лила денес ужива во животот, живее луксузно и на висока нога, но погледнете како изгледа куќата во која го поминала детството
Местото каде што сте ги поминале најубавите моменти од детството засекогаш остануваат во вашето срце.
Нашата најпозната и според многумина најубава водителка, Лила Филиповска, денес живее во својот раскошен стан кој е стилски украсен, што може да се види од нејзините бројни објави на Инстаграм. Впрочем од нив може да се види и дека Лила води сметка за секој детаљ, а многупати знае да ги изненади своите фанови и со фотографии на кои главна ѕвезда не е таа, туку нејзиниот цимер – мачорот Рагнер со кој Лила обожава да се гали.
Но и покрај нејзината голема популарност, малкумина знаат дека Лила е родена во Шведска, а нејзиниот татко Милан потекнува од скопското село Виниче. Таа во една прилика објави фотографија од Бунарџик, на која се гледа стара, трошна куќа, во која водителката некогаш живеела.
„И најмил спомен што в душа ми блеска, се гаси од нив ко цвеќе без боја. Но ти што ловиш звук на чудна песна, ти си ја кажа судбината своја“ напиша Лила тогаш под фотографиите.
Таа не се срами, ниту пак има потреба, да каже дека најубавите моменти од детството ги поминала на село.
Често знае да сподели и по некоја фотографија од Виниче, кое е родно место на нејзиниот татко.
Како што вели и самата во своите „Инстаграм сторија“ Виниче е местото кое и буди спомени од минатото, спомени кои никогаш нема да може да ги заборави.
„Денес селото слави Св. Илија, а додека беше жив татко ми, и ние славевме. Најдобриот начин на полнење батерии е тука.. ваков мир и тишина нема никаде на друго место. Тука се наоѓа и една преубава црква со името на светецот Илија“, напиша таа тогаш во описот на овие преубави фотографии.
Инаку, Лила веќе со години живее во својот дом, а судејќи според фотографиите што ги објавува, при уредувањето внимавала на секој детаљ. Целиот дом е со најразлични украси, слики свеќи, а неодамна го покажа и омиленото катче на нејзиниот миленик, мачорот Рагнер.
Погледнете ги и останатите фотографии од Лила…
Бонус галерија
Омилемните фармерки на Лила
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска