Лила во најкусиот шорц што сме ја виделе досега – изгледа феноменално, за неа годините се само бројка!
Познатата македонска водителка и во обично летно издание изгледа како милион долари
Една од нашите најпознати водителки ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи со најновите објави.
Водителката на „Сé или нешто“, Лила Филиповска, важи за една од најатрактивни жени на нашата јавна сцена.
Таа речиси секогаш е стокмена од глава до пети и со својата беспрекорна линија предизвикува внимание каде и да се појави.
Впрочем така беше и овој пат кога на својот Инстаграм објави фотографии со кои никого не остави рамнодушен.
Имено водителката пред неколку дена замина на одмор во Турција, од каде редовно ги споделува со фановите најубавите моменти.
Таа е позната по тоа дека сака да се фотографира, но и дека ги следи модните трендови, па откако објави неколку снимки на кои позираше во фасцинантно вечерно издание, таа покажа и една опуштена летна комбинација која им е омилена на многу дами.
Имено, Лила позираше во кус шорц од џинс со кој ги истакна своите убави нозе со кои дефинитивно може да освои Оскар.
Таа целото издание го зачини со тренди модни додатоци – црна чанта, шарени папучи од Луј Витон и бели очила за сонце.
Водителката само неколку часови претходно објави и снимка на која позираше во преубав едноделен модел на костим за капење.
Во прашање е црно бел модел во кој Лила изгледаше феноменално и во кој секоја жена би можела да се чувствува пријатно.
Брзо по овие објави следуваа бројни коментари од фановите на Лила и сите се согласни дека никогаш не изгледала поубаво.
Едни го фалат нејзиниот изглед, други нејзиниот моден избор, но сите и пишуваат дека изгледа шик и неодоливо.
Па, дали се согласувате со нив?
Бонус галерија
Луксузниот хотел во кој ужива Лила во Турција
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска