Лила во костим за капење што ќе биде хит ова лето – го крие вишокот, водителката во него изгледа неодоливо!
Водителката плени на малите екрани, но на плажа изгледа уште побрутално...
По напорниот период што го имаше водителката реши да пронајде време за себе и да ги наполни батериите.
Нашата најпозната водителка Лила Филиповска реши да си ги наполни батериите надвор од земјата, па со своите фанови на социјалните мрежи сподели фотографии од кои можеме да видиме како уживаше во убавото време и се релаксираше на песочните плажи.
Таа овој пат одлучи да носи црн, едноделен костим за капење со кој ја истакна својата убава линија.
Лила која според многумина е една од најубавите жени меѓу познатите дами, во ова издание буквално „врескаше“.
Таа со овие фотографии првенствено ги воодушеви мажите, но и жените кои постојано и делат комплименти во коментарите.
Облечена во црн едноделен модел на костим за капење Лила гордо го покажа своето занесно тело, а од фотографиите можеме да видиме дека ужива за сите пари, но и дека никогаш не изгледала поубаво.
Многумина коментираа на нејзините објави и сите се согласни дека во вакво издание изгледа неодоливо.
Инаку, црниот едноделен модел на костим за капење и оваа летна сезона ќе биде еден од омилените на многу дами.
Тие покриваат повеќе кожа од останатите модели и од пред неколку сезони повторно се голем хит.
Тоа можеме да го видиме од новите колекции на познатите брендови, но и од фотографиите што ги објавуваат познатите девојки и трендсетерки на социјалните мрежи.
Мошне тренди ваков модел носеше и атрактивната Лила со кој максимално ги истакна својата убавина и сексапил.
БОНУС ГАЛЕРИЈА
Шик едноделни црни модели на костими за капење што ќе ги гледаме на плажите ова лето
Eres Les Essentiels Asia swimsuit
Bondi Born Raya ruched swimsuit
Solid & Striped Veronica one-piece swimsuit
Simkhai Laine ruched one-piece swimsuit
Anemos Keyhole one-piece swimsuit
Wardrobe.NYC Release 07 swimsuit
Fisch Lucia stretch-econyl swimsuit
Haight Tarsila one-shoulder cut-out swimsuit
Matteau one-shoulder one piece swimsuit
Vanessa Sposi Le Classique swimsuit
Anine Bing Jace one-piece swimsuit
Tropic of C recycled tech one-piece swimsuit