Лепа Брена објави фотографија на која изгледа како дека ќе заплаче – погледнете, изразот на нејзиното лице кажува многу
Фолк ѕвездата покрај сестрата има и брат Фарук
На последниот настап на Лепа Брена (60) присуствуваше и еден многу близок член од нејзиното семејство.
Имено, на концертот кој помина фантастично беше и нејзината родена сестра Факета со сопругот Зоран, а гордата фолк ѕвезда, еден ден по настапот, на својот профил на социјалните мрежи објави неколку заеднички фотографии со нив.
Со мојата сестра Факета и зетот Зоран на концертот во Црвенка, по 28 години. Добро дојдовте, напиша Брена.
Фановите со воодушевување ја коментираа оваа фотографија, а посебно беа изненадени од изразот на лицето на Брена.
„Колку емоции“, „Брено, ти како дека ќе заплачеш“, „Полни очи солзи, се гледа“, „Не може љубовта да се сокрие“, „Прекрасни сте“, беа само некои од коментарите што Брена ги доби под фотографијата.
Само да потсетиме, Фахрета Јахиќ е родена сестра на Брена, а покрај неа пејачката го има и братот Фарук.
Сестрата на Брена денес има две ќерки, а таа и нејзиниот сопруг Зоран повеќе од две децении живеат во Канада.
Инаку и таа како и Брена има љубов кон музиката, а пејачката кога и да може оди да ја посети во Канада.
„Бев хиперактивно дете, па моите родители, и мене и брат ми и сестра ми, постојано не насочуваа кон спортски активности, а ние всушност најмногу уживавме додека пеевме во хор. Растевме слушајќи музика од познатите фестивали од тоа време“, изјави Брена пред неколку години.
Братот на Брена неодамна се појави и во емисијата „Никогаш не е доцна“, а Факета многу ретко се појавува во медиумите.
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена