ЛЕКАРИ Ѝ ГО УНИШТИЈА ЖИВОТОТ: Младата одбојкарка никогаш повеќе нема да игра -чудо е што сум жива!
Во една приватна болница во Нови сад, од месец октомври минатата година животот на ова 18-годишно девојче се менува за 360 степени.
Младата и надежна одбојкарка Даница Ружиќ од Србија, на јавноста ѝ ја раскажа својата ужасна приказна за тоа како од рутинска операција на менискус на колено поминала пекол низ болниците.
Во една приватна болница во Нови сад, од месец октомври минатата година животот на ова 18-годишно девојче се менува за 360 степени.
За нејзе, одбојката значела живот, а сега едвај оди и речиси и да не постои никаква шанса повторно да се врати на теренот.
– За мене одбојката беше се во животот, на теренот бев најсвоја. Бев многу добра, нескормно ќе кажам, затоа што навистина давав се од себе за да бидам подобра верзија од себеси секој ден. И напредував, го забележував тоа. Тренирав од мојата шеста година и вежбав и дома. Многу малку се дружев со другарките, пропуштав многу родендени, дури понекогаш и мојот роденден. Не знам како да си го замислам животот без мојата одбојка. Мојот сон беѓе да играм за нашата репрезентација – вели загрижената Даница во утринската емисија „Уранак“.
По мал инцидент на теренот, не забележала веднаш, но по неколку часа откако се оладил мускулот, повредата на коленото почнала да реагира.
– Почнав да чувствувам болка, но јас сум многу силна и трпам болка, не ми беше страв. Заминав веднаш во болница. Моите родители ме однесоа во приватна болница во Нови сад кај д-р Душан Мариќ. Направив магнетна и тој консатираше напукнат менискус. неопходна е операција, За подоцна да сфатиме дека само коленото излегло од лежиште – раскажува таа.
Рутинската операција не ја исплашила, но ноќта пред операцијата имала лошо претчуство.
– Многу се плашев од сепса, читав малку на интернет и ме испла[i тоа како луѓе умираат од сепса. Од тоа што се плашев тоа ме снајде, чудо е што сум жива – вели таа.
По првата операција со тотална анастезија, истиот ден ја пуштиле до операција со документ дека операцијата завршила уредно.
– Заминав многу среќна од болницата дека се заврши добро, знаев дека е потребна извесно време рехабилитација, но бев подготвена психички дека за брзо се враќам на терен. Знам мои другари сопртисти кои правеле операција за менискус и брзо се враќале на спортот – вели Даница.
Од тогаш започнува нејзиниот пекол. Не поминала ни една недела кога почнале неподносливи болки и висока температура кои не престанувале со денови. Станало сомнително, па морале да се вратат повторно во болница. Ногата ѝ отекувала се повеќе и повеќе, болките и температурата не престанувале.
– Кога Душан Мариќ ме виде како плачам и едвај издржувам, ми рече: Ништо не тие е, што измислуваш?!
Даница во следните месеци поминува тежок период со уште неколку операции, за од ден на ден се повеќе и повеќе да ѝ се влошува ситуацијата. Не може да стане во кревет, со недели била сместена во болница каде забележала дека медицинскиот персонал чудно се однесува ид ека нешто кријат.
– Јас подоцна разбрав дека тие секој ден ме сечеле, со тотална анастезија ми правеа константно ред за ред неколку дена операција. Очигледно сфатиле дека имам инфекција која се ширела. Ногата ми изгледаше старшно. Од таа болница се сеќавам со приватен автомобил ме однесоа во ВМА (Војномедицинска академија) и можам да кажам дека таму ми го спасија животот – рече таа.
Згора на сета мака, од болницата им барале и да платат болничко лекување. Родителите на Даница платиле, но го тужат докторот и болницата.
Целата голгота која што ја поминало ова девојче можете да ја слушнете на видеото во продолжение: