ЛЕЖЕЛА ПРЕД НИВ КАКО ЖИВА – Починала на 44 години, откако ја закопале далеку од гробиштата почнале да се случуваат чуда!
Низ годините, па и вековите, луѓето не ѝ дале мир, моштите на светицата биле повеќе пати пренесувани во различни земји.
Света Петка е заштитничка на жените, болните и сиромашните. Овој ден го слават православните христијани.
Името Света Петка потекнува од грчкиот збор „параскева“, што во превод значи петок, па оттука се добива Петка.
Оваа жена била родена во 10 век, во богато семејство кое живеело во градот Епиват, во близина на Костантинопол. Параскева често одела во црква со својата мајка и била побожна уште од мали нозе. По смртта на нејзините родители се замонашила во Цариград, каде што го добила името Параскева.
Во овој град сакала да се поклони на најголемите светци, а по пет години отпатувала во Палестина. Таму поминала 40 години, живеела во Јорданската пустина, а една ноќ ѝ се јавил ангел Господов кој ѝ рекол да се врати во својата татковина.
Набргу потоа, Света Петка се вратила во Цариград, а потоа и во Епиват, каде веќе никој не се сеќавал на неа. Таа таму повеќе немала никој свој откако и нејзиниот брат Ефтимиј се замонашил. Починала многу млада на 44 годишна возраст, а мештаните ја погребале одвоено од градските гробишта, не знаејќи која е, далеку од сите, но во близина на морето.
Според друг извор, пак , таа била погребана во близина на еден столар и морнар чии тела непријатно мирисале. По некое време била донесена одлука да се откопаат гробовите и тогаш забележале дека нејзиното тело не скапува, но и дека не било допрено. Лежела пред нив како жива!
Преданијата говорат за тоа дека Ефимија и Ѓорѓе сфатиле дека го сонувале истиот сон – светоста на нејзиното тело, и ним им било наредено да ја изнесат од таму и да ги пренесат нејзините мошти во храмот на Св. Петар и Павле во Епиват.
„Следниот ден и двајцата раскажале на сите за своите виденија. Кога благочестивиот народ го чул ова, сите побрзале кон моштите на преподобната Параскева со свеќи и, вадејќи ги од земјата со голема стравопочит, им се радувале како да се некое скапоцено богатство. Светите мошти свечено биле положени во црквата на светите и сепофални апостоли Петар и Павле, во Епиват“.
Веднаш по овој настан почнале да се случуваат чудни работи, луѓето оздарвувале, проодувале…
Два века по смртта на Света Петка со Цариград владееле крстоносците. Во 1238 година бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. По Косовската битка и Трново паѓа во рацете на Османлиите и моштите на Света Петка се пренесени во Романија.
Низ годините, па и вековите, луѓето не ѝ дале мир, моштите на светицата биле повеќе пати пренесувани во различни земји.
Во 1396 година и Романија паѓа во Османлиски раце, тогаш српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил со тоа и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан.
Кога во 1521 година султанот Сулејман втори го заземал Белград, ги запленил светите мошти на Света Петка и ги однел во Цариград. Таму почнале да се случуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите.
Во 1641 година војводата Василије Лупал господар на Молдавија, успеал да ги добие моштите на светицата и нив ги пренел во светиот град Јаш, во црквата „св. Три Ерарси“. Во 1884 година нераспаднатите свети мошти на Света Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес.