Новости

Легендарната Мира Бањац растреперена од тага: Страшно е што си заминуваат големи актери, Мето имаше магија, а Лаушевиќ беше прекрасен

Advertisement

Ден по Жарко Лаушевиќ, на 16 ноември во Скопје почина Мето Јовановски, најзначајниот и најпопуларен македонски актер, а заминувањето на двајцата бардови од овој свет ја растажи културната јавност во целиот регион, која се збогува со двајцата големи актери.

И во децениите по распадот на големата Југославија, пишува српски Данас за нашиот актер, Јовановски  играше на овдешните сцени, снимаше филмови и серии и го продолжи културниот концепт на поранешната заедничка татковина во најпосветена смисла, пишува Данас.

Advertisement

Фото: Фејсбук

Како што истакнува легендарната Мира Бањац за Данас, Мето бил и легендарен актер, еден од најголемите што ги имавме на овој простор.

Advertisement

-Пред десет години го снимавме прекрасниот филм „Кога ќе се разбие“ на Горан Паскаљевиќ, Мето имаше епизода таму, но беше магична, како и секогаш. Имаше таква актерска магија и можеше да ја шармира публиката и на филм и во театар, затоа и толку многу играше надвор од Македонија.

– Мето беше господин, а тој беше радосен човек, весел, така го паметам, сакаше да пее. Навистина не работевме многу заедно, но се среќававме во некои прилики, на фестивали. Од него ги научив едни од најубавите македонски песни.

Како што истакнува Мира Бањац, таа е многу тажна овие два дена.

– Прво, замина нашиот прекрасен, нашиот голем Жарко Лаушевиќ, во своите најдобри години, кога уште толку можеше да создава. Тоа е огромна тага. А Јовановски не е многу стар, и многу ќе недостасува како актер и како личност.

Страшно е што си заминуваат толку големи актери, релативно млади умраат, а тоа се случува веќе неколку години. Останува голема празнина во светот на актерството, бидејќи тоа се навистина особено надарени актери, и прекрасни луѓе, што е исто така важно за нашите животи – смета Мира Бањац.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button