Реклама
Наши ѕвезди

Лазар Бараков за македонските народни приказни: Сите шеги беа на моја сметка, ми даваа да глумам глупав и скржав

Реклама

Голем број генерации пораснаа со неговата глума и со македонските народни приказни, па токму затоа неговиот лик сите нас нѐ потсетува на детството и едни други времиња.

Актерот Лазар Бараков е во седмата деценија од животот, но вели дека работата, волјата и продуктивноста се тоа што го одржува неговиот млад дух.

Маркетинг

Актерот Лазар Бараков повеќе од 20 години помина глумејќи во народните приказни. Многупати за македонските медиуми има кажано дека работата со неговите колеги како што се Ванчо Петрушевски, Шенка и Ѓорѓи Колозов, Анче Џамбазова и останатите му претставувала задоволство и дека по толку многу снимања тие почнале да се чувствуваат како едно семејство.

Маркетинг

Лазар гостуваше и во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија, каде отворено зборуваше за професијата, но и за приватниот живот.

„Секако дека ми недостасуваат македонските народни приказни, но некако сум презаситен. Сега им оставаме простор на младите да снимаат. Имам и други ангажмани, снимам и за други продукции“, кажа Бараков за „Магазин.

Лазар се присети на снимањата и истакна дека таква екипа повеќе нема да се повтори. И во тоа сигурно сите ќе се согласат.

„Колозов беше двигател, Петрушевски, Тодоровски, Шенка, тие се великани. Јас како помлад член на таа екипа, сите шеги, сите вицеви беа на моја сметка. Како најскржав, како поглуп, и улогите ми ги даваа такви“, кажа Бараков.

Тој посочи дека своето слободно време главно го поминува во својата родна Струмица, но често е и во главниот град.

Вели најтешко му паѓа секогаш кога патува на релација Скопје-Струмица ќе види отпад на патиштата. Лазар кариерата ја започнал во Софија и Белград.

Откако завршил гимназиј, на 17 години се запишал на академија во Белград. Само 2 месеци студирал и веднаш заминал за Виена, Австрија, каде останал 2 години, учел јазици и работел разни работи.

Актерот раскажа дека желбата на неговите родители била тој да се занимава со медицина, па токму затоа од нив сокрил кога се запишал на глума во Софија.

„Моите родители мислеа дека нешто друго учам во Софија, тие сакаат да студирам медицина. Кога за првпат се појавив во еден бугарски филм, разбраа што студирам.

Единствено татко ми беше пресреќен, бидејќи тој многу сакаше да чита“, кажа Бараков.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

На наша среќа тој продолжил по актерскиот пат и со неговите улоги го обележа нашето детство.

„Да се биде актер во оваа наша држава вреди заради народот, не заради некакви материјални добра, туку заради народот“, истакна актерот.

Вели дека голем број од неговите пријатели повеќе не се на овој свет, но се дружи и со помладите талентирани актери.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Негово најголемо богатство се неговите три деца. Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.

Денес тие се уште го придружуваат својот познат татко тие се негова константна поддршка во се што прави и каде и да се појави.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

„Фала му на Господ имаме со сопругата имаме три деца. Тие се веќе ситуирани. Поголемата ќерка е психолог, помалата е архитект, синот уште лута, уште е студент и се бара себеси.Тоа е животот, ама така е интересен животот“, заврши актерот.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Иако минатата година за многумина беше една од најтешките, за Лазар донесе голема среќа. Имено, неговиот син Александар кој живее во Германија стана татко, а Лазар горд дедо на малиот Стефан.

Токму затоа актерот со нетрпение чекаше да се отворат границите и веднаш замина во Германија да го види внукот.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Тој на „Фејсбук“ се пофали дека со неговата ќерка Викториа ќе одат во Висбаден, град во централниот дел на Германија.

-Внучето Стефан нè чека на гости“, напиша 66-годишниот актер во опис на фотографијата, на која се гледа неговата неизмерна среќа.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

 

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

 

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

 

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button