Реклама
Наши ѕвезди

Лазар Бараков ги спакува кофиерите и ИТНО ЗАМИНА – ваква СРЕЌА не се опишува!

Реклама

Актерот кој сите многу добро го знаеме и со чија глума сите пораснавме. Неговите улоги во Македонските народни приказни го одбележуваат нашето детство.

Тој сега е во седмата деценија од животот, но вели дека работата, волјата и продуктивноста се тоа што го одржува неговиот дух млад.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Актерот Лазар Бараков повеќе од 20 години помина глумејќи во народните приказни. Во интервјуа за македонските медиуми многупати има кажано дека работата со неговите колеги како што се Ванчо Петрушевски, Шенка и Ѓорѓи Колозов, Анче Џамбазова и останатите му претставувала задоволство и дека по толку многу снимања тие почнале да се чувствуваат како едно семејство.

Маркетинг
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

-Пред да бидам постојан член во серијата „Македонски народни приказни“ имам работено на некои филмски проекти во Белград, Софија и МРТВ.

Во македонските приказни бев застапен дваесетина години од 1987, па се до пред неколку години. Екипата беше прекрасна, како од техничка страна, така и од глумачка страна.

Маркетинг

Работата, иако беше макотрпна, иако бевме сериозни во работата, ја чувствувавме како весела игра кај мали деца. Неопишливо е пријатното дружење, другарувањето со Колозов, кој беше двигател на целата машинерија. Повеќе од пријатна беше работата со Ванчо, Гоце, Кире, Дади, Анче, Шенка, Стојна и други. Таа сплотеност многу зависеше и од режисерите, архаичните тестови од Цепенков и најголем дел од приказните што беа сработени од режисерот Драган Велјановски.

Многу бргу минаа овие дваесетина години при работата на македонските приказни со тотална опуштеност во работата и позитивна енергија. Со гореспоменатите колеги во работата се чувствувавме како во едно тело, кажа Бараков во интервју за „Црнобело.мк“.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Во приказните најчесто глумеше сиромашен човек, ѓавол или слуга.

Сепак, во реалниот живот Лазар е далеку од сиромашен човек каков што е претставен во приказните. Тој го има најголемото богатство што може да го посака еден човек.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Тој и неговата сопруга имаат три деца со кои премногу се гордеат, како и тие со нив.
Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.

Денес тие се уште го придружуваат својот познат татко, но не во приказните, туку се негова константна поддршка во се што прави и каде и да се појави.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

-Моите чеда, сите поседуваат талент за глума.. но ги советував да не тргнуваат по тој пат, неизвесност, зашто многу е тешко да бидеш артист а да не добиеш слава, кажа Бараков во интерјуто за „Магазин“.

Иако минатата 2020 година за многумина беше тешка и неподнослива, тоа не е случај за познатиот актер.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Неговиот син Александар кој живее во Германија стана татко, а Лазар стана дедо на малиот Стефан. Поради таа причина, актерот чекаше да се отворат аеродромите и веднаш замина во Германија да го види својот внук.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Тој на „Фејсбук“ се пофали дека со неговата ќерка Викториа ќе одат во Висбаден, град во централниот дел на Германија.

-Внучето Стефан нè чека на гости“, напиша 66-годишниот актер во опис на фотографијата, на која се гледа неговата неизмерна среќа.

ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук
ФОТО: Лазар Бараков / Фејсбук

Поврзано

Back to top button