Лазаров го погоди тажната вест, плаче и зборува за Кико – неговото тажно обраќање ќе ви ги насолзи очите
„Се бореше последниве два дена, не издржа... нека почина во мир. Јас ќе се сеќавам на него како на вистински победник“, вели познатиот јутубер во видеото со растреперен глас и солзи на очите.
По веста дека починал Кристијан Коцев – Кико, на својот Инстаграм профил се огласи јутуберот Стефан Лазаров.
Откако Стефан се вклучи во акцијата за собирање на пари за лекување на момчето кое што боледуваше од ретка болест, хуманите луѓе за само четири дена успеаја да ја соберат сумата што беше потребна за тој да замине во Турција.
Но Кико не ја издржа борбата иако цело време се лавовски се бореше.
Веста за неговата смрт го погоди јутиберот кој последните неколку дена ги помина со Кико, обидувајќи се да му помогне.
Кико беше примен во една наша приватна клиника, каде докторите дадоа се од себе за да му ја подобрат ситуацијата.
Но за жал ретката болест од која што боледуваше момчето брзо прогресираше и на Кико ситуацијата му се влоши.
Неговата состојба се менуваше од час во час, а откако дозна дека починал, Стефан тажната вест ја сподели на социјалните мрежи.
Тој потоа се огласи и на својот Инстаграм каде не можеше да ги сопре емоциите така што плачеше додека зборуваше.
„Се бореше последниве два дена, не издржа… нека почина во мир. Јас ќе се сеќавам на него како на вистински победник“, вели познатиот јутубер во видеото со растреперен глас и солзи на очите.
Тој исто така најави дека вечерва нема да прави подкаст, но и дека парите ќе бидат донирани на друго дете.
„Ако не успеавме да го спасиме Кико, ќе дадеме сé од себе да спасиме некое друго дете“, вели Стефан на Инстаграм.
Тој исто така најави и дека хуманитарниот концерт ќе се одржи и ги покани сите да дојдат за чест на починатиот Кико.
Јутберот со солзи на очите најави дек сите средства што ќе бидат собрани, ќе бидат донирани на друго дете.