Куќа како замок: Маја Панчева го покажа својот дом – погледнете го овој раскош
Вакво нешто ретко се гледа во Македонија.
Панчеви живеат во куќа како од филмовите.
Пејачката Маја Гроздановска – Панчева и нејзиниот сопруг, некогашниот фудбалер Дарко Панчев се вистински пример за помладите за тоа како се одржува љубовта и после толку години.
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска – Панчева
Уште како млади ја започнаа својата врска, а многу брзо и стапија во брак.
Маја тогаш беше една од најпопуларните пејачки кај нас и сопственичка на хитови кои се пеат и денес.
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска – Панчева
„Сонам“, „Мачка со 9 животи“, „Заборави на сѐ„, „Вечна патека“ се песните кои до ден денес се паметат.
Дарко пак е еден од најдобрите фудбалери во историјата на нашата земја.
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска – Панчева
Дарко ја забележал Маја на „Макфест“ во 1998 година.
После 6-7 месеци случајно се сретнале во кафуле во Капиштец, после што почнале да се забавуваат.
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска – Панчева
Денес, успешно пловат во брачните води повеќе од 2 децении.
Плод на нивната љубов се двете ќерки, Надица која има 24 години и Марија која има 19 години.
Маја и Дарко заедно со ќерките живеат во прекрасна куќа на Водно.
ФОТО: Инстаграм / Надица Панчева
Куќата е уредена буквално како на филмовите.
И покрај тоа што Маја и Дарко не сакаат премногу да го експонираат својот приватен живот, тие знаат одвреме-навреме да ги израдуваат бројните обожаватели со заеднички фотки.
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска – Панчева
На Инстаграм Маја сподели видео од помалата ќерка Марија, направено токму во нивниот двор, а во позадина се гледа нивната прекрасна куќа.
Погледнете: