Вирално

Куче заврши со тешки повреди откако деца го „нахранија“ со петарди – најтрагично е што вакво монструозно изживување минатиот Божиќ се случи и кај нас (фото)

Advertisement

Кучето полека закрепнува откако претрпе надворешни изгореници во еден ужасен инцидент непосредно пред Божиќ.

Advertisement

Ова мило животно, како што пренесуваат странските медиуми, наводно, било „нахрането“ со петерди од страна на едно дете, а инцидентот се случил претходната недела. Според официјалните претставници во Сан Лоренцо, Парагвај, каде што се случил немилиот инцидент, група деца се играле со петарди кога едно дете го повикувало кучето.

Неодговорното дете ги запалило петардите што и му дозволило на кучето една од нив да ја земе со устата, објави Метро. Петардата експлодирала неколку секунди подоцна и кучето претрпело изгореници и скршени коски во устата, а и неговите заби исто така беа сериозно оштетени.

Advertisement

Кучето беше пронајдено во тешка состојба и веднаш беше пратено кај локалниот ветеринар, кој брзо му ги санираше повредите. По несреќата за кучето се грижи една локална жена, Келесте Флорентин Апонте. Таа објави фотографија со кучето на Фејсбук и напиша:

„Првата жртва на Божиќ. Пациентот е хоспитализиран благодарение на фондацијата Марис Ллоренс. Ветеринарот Далија Бенитез ја прегледа и сега за оваа убавица се грижам јас. Но нејзе Бог ѝ помогна, бидејќи беше многу повредена и имаше повеќе скршеници во устата. Кога нашите деца ќе разберат дека петардите нанесуваат штета и предизвикуваат голема болка?” напиша Келесте на Фејсбук.

Инцидентот се случи и покрај тоа што властите предупредуваат за опасностите што можат да се случат од петардите, но и од другите пиротехнички средства.

Инаку, ваков немил настан се случи и кај нас минатиот декември кога на едно бездомно куче му беше фрлена петарда во уста. Кучето кое беше жртва на монструозното изживување беше оперирано и згрижено, а и тогаш од Анима Мунди апелираа до граѓаните:

Фото: Фејсбук/ Анима Мунди

„Насилството врз животните е индикатор за девијантно и болно општество. Ова е кутре (сликата тука) кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата. По 2 дена трагање по кучето кое се распаѓало од болка, сега е оперирано и потребна е помош за да се спаси. Македонија има итна потреба од Полиција за животни или Служба за превенција/евиденција /санкција на насилството на кое животните се изложени на секој чекор. Вакви ѕверства се толерираат во Република Македонија“, соопштија тогаш преку Фејсбук претставници од Анима Мунди.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button