Кутрото дете: Познатата пејачка објави фотографија со малиот Блум, а БАЛКАНСКИТЕ МАЈКИ се згрозија кога видеа што му прави!
Популарната хрватска пејачка Маја Шупут со една од своите последни фотографии со синчето Блум подигна голема прашина во медиумите.
Имено, таа седи на терасата во еден загрепски ресторан, а нејзиниот наследник и седи во скутот.
Фотографијата на прв поглед изгледа преслатко, и со неа би било се во ред да не постоеше еден проблем кој очигледно го забележаа многумина.
Имено, бебето на Маја истиот ден наполни два месеци, и како што многумина и забележаа, тоа се уште е мало и не треба да седи. Според правилото кое што на мајките им се пренесува од генерација на генерација, бебињата додека не наполнат шест месеци никако не треба да бидат во седечка позиција бидејќи така би можеле да го повредат рбетот.
Маја најверојатно не знае за ова, па така покрај пофалбите за сликата имаше и многу коментари кои ја критикуваа.
Можеби тоа денес е модерно, пред 14 години не беше“, „Кутро дете“, „Лесно за новото модерно, но на бебето ќе му отиде рбетот“, „Изгледа нема кој да и каже, па можеби ќе го прочита ова што и ги пишуваме“. „Мајичке, подобро бебето да го држиш во полулежечка положба, се уште не треба да седи“, и порачаа многу мајки преку социјалната мрежа Фејсбук.
Инаку, ова не е прв пат хрватската пејачка да ја критикуваат во врска со нејзиниот наследник.
Таа и кога откри какво име ќе му даде на синот, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Некои тогаш и пишуваа дека на синот му го уништила детството со таквиот потег, односно дека е премногу ексцентрично.
Но очигледно дека познатата 41 годишна мама од ваквите коментари не се вознемири воопшто, а неодамна откри и со каков прекар му се обраќа на синот.
„Господин Блумингдалес, што мислите за ова? Таткото денес е многу брз со новиот гаџет за нашиот Блум“, изјави тогаш Маја.
Инаку, Блумингдалес (Bloomingdales) е име на американскиот синџир на луксузни трговски центри.
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Извор: Жена.Блиц.рс