Куси шорцеви и нозе без грам целулит – Лила Филиповска во ова издание изгледа како тинејџерка
Лила знае како да носи куси шорцеви, а нејзините нозе изгледаат како милион долари
Нашата позната водителка очигледно е голема љубителка на кратките шорцеви, бидејќи не ретко ја гледаме како ги носи и секогаш знае тоа да го направи на вистинскиот начин. И без разлика дали ги обожава затоа што сака да ги истакне своите убави нозе на кои нема да забележите ни грам целулит или затоа што во нив се чувствува убаво, мораме да признаеме дека во ова издание изгледа феноменално.
Овој пат таа ги носеше со бела маица со интересен дезен, а во рацете го држеше нејзиниот „пријател“ Рагнар.
Водителката ги воодушеви своите фанови со ова издание, па заработи голем број комплименти на сметка на нејзиниот изглед. Од фотографиите можеме да видиме дека своето тело го донесе до совршенство, па изгледа како тинејџерка, а со овој стајлинг покажа дека така и се чувствува.
„Најубавата жена, најубавиот мачор и најубавата маица“ и напиша една корисничка на социјалните мрежи.
Уште едно издание на Лила во шорц
„Љубов ли е ова или панаѓур ❤️❤️❤️ Нејќе многу да се слика ама немаше спас па на сликава изгледа како да позира а и немаше друг избор ? и престанете да викате дека мачките се себични !!! Тоа што не слушаат наредби и не прават онака како што ќе им речеме не значи себичност туку цврст карактер самостојност и интегритет. А тоа што со брзина на светлоста го подобрува нашето расположение е друга приказна. Ќе ја раскажувам некој друг пат. А сега ќе се гушкам цел ден со Рагнар. Што и вам ви препорачувам…“ напиша Лила под нејзините фотографии со мачорот.