Класичните модели на бикини се минато – во мода се екстремно високо сечени модели
Ова лето нема да бидете во мода доколку носите обични бикини. Без разлика дали ви се допаѓа или не, високо сечените костими за капење ова лето се наметнуваат како еден од водечките трендови.
Па така и познатиот бренд Топшоп оваа сезона има крајно необичен модел на едноделен костим за капење без прерамки.
„Ова можеби е еден од најнеудобните костими за капење што сме ги виделе досега“, беше само еден од коментарите од изненадените купувачи на овој бренд.
Jaded London Orange Scarf Print Waist Tie Bandeau Swimsuit
Во прашање модел кој е толку високо сечен што ги открива целиот бут и колковите, па повеќе од сигурни сме дека не само што не е прикладен за секој тип на женско тело, туку и на многу девојки нема да им се допадне.
Jaded London Orange Print Bandeau One-Piece Swimsuit
Други пак се прашуваат како може да се дише во еден ваков модел и дали воопшто оваа бизарна форма може да се примени во реалниот живот и на реалните жени.
Што мислите вие за овој тренд?