Кумите направија xаoc во „Ѕвездите на Гранд“ со своите дeкoлтea – нajпpoвoкативнoто издание на Цеца и Вики во шоуто
Пејачките никого не оставија рамнодушен
Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ и нејзината кума Вики Миљковиќ на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“ дојдоа во поприлично провокативно издание.
Тие како да беа договорени, па и двете на снимањето дојдоа со длабоко деколте, а нивните изданија никого не оставија рамнодушен.
Имено, балканската фолк дива пред студиото се појави во опасно издание – носеше црвен комплет, а под сакото блескаше широкото деколте.
Но не беше само Цеца облечена вака. И нејзината кума Вики се појави во едно од најопасните изданија досега.
Имено, Миљковиќ носеше карирано сако во комплет со мини здолниште со кое ги истакна своите згодни нозе.
Но и покрај тоа што носеше кусо здолниште, фокусот беше во горниот дел каде со своето бујно деколте никого не остави рамнодушен.
Како Цеца и Вики изгледаа во ова издание, погледнете и во продолжение…
Модна ревија пред студиото
Влегувањето во познатото студиото каде се снимаат емисиите деновиве се претвори во вистинска модна писта.
По жешкото црвено издание, Цеца следниот ден се појави во уште една опасна комбинација за која се зборува.
Таа овој пат избра костум со црвен дезен, а комбинацијата ја заокружи со виолетова чанта и сандали во иста нијанса.
Но сепак, повторно во преден план беше нејзиното деколте кое и овој пат никого не остави рамнодушен.
Како таа изгледаше, но како изгледаа и останатите од екипата во Ѕвездите на Гранд погледнете во продолжение:
Вики овој пат не сакаше да позираше, туку со маската брзаше кон вратата, облечена во кожни панталони бела копула и светкаво сако.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Па кое од овие изданија на Вики и Цеца ви се допаѓа најмногу?