Кумашинката на Заев изгледа гламурозно и во најкусото фустанче што сме го виделе досега
Оваа млада и убава девојка може слободно да ја прогласиме за победничка на кусите фустани
На модната ревија за деца со попреченост со име „Убави сме, свои сме“, што неодамна ја организираше Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“, во хотелот „Сириус“ во Струмица, се појавија и сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева и нејзината кумашинка, Љупка Митрова која важи за една од најпознатите инфлуенсерки во Македонија.
Љупка на настанот се појави во малку контроверзно издание, со кое максимално се издвои, но мораме да признаеме дека изгледаше прекрасно.
Имено Љупка и овој пат покажа дека е бестрашна и дека за неа не постојат граници кога е во прашање стилот. Таа носеше тесен фустан во розова боја кој можеби е малку прекраток за ваков тип на настани, но сепак во комбинација со белото сако и високите потпетици таа изгледаше мошне привлечно, сензуално и како некоја филмска дива.
Имено, колку и да откриваше нејзината комбинација, блогерката успеа да ја износи гламурозно и елегантно, без ни малку призвук на вулгарност кој со олкава количина на откриена кожа би бил очекуван.
https://www.instagram.com/p/B5idfsghJJ2/
Фотографиите можете да ги вртите со стрелките >>
Но Љупка не би била своја и не би била Љупка каква ја знаеме ако носеше нешто поразлично, па затоа големо БРАВО за ова нејзино смело #убависмесвоисме издание.
Браво и за сите останати што учествуваа во ревијата :)