Реклама
Новости

Кумата на пејачот со солзи на очите откри детали за трагедијата: „Армин му почина на рацете!“

Енес до последен момент беше покрај својот син

Реклама

Многумина во регионот беа потресени од тажната вест дека почнал 29 годишниот син на пејачот Енес Беговиќ, Армин Беговиќ.

Тој почина во Клиничкиот центар во Сараево, а за големата семејна трагедија за српскиот „Блиц“ прозборе кумата на пејачот, Елвира Ракиќ.

Како што пренесува овој медиум, а според зборовите на познатата пејачка, на Енес кој до последен момент бил со својот син кој буквално му починал на рацете, му било толку тешко, што не можел ни да зборува.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

„Енес такви работи доживеа последните месец дена, така што не знам како преживеа“, изјави со солзи Елвира за „Блиц“.

Фото: Инстаграм/ Елвира Ракиќ

Елвира исто така потврди дека Армин чекал бебе со својата сопруга и дека Енес наскоро би требало да добие внук.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Како што пренесуваат медиумите, Армин починал на инфективната клиника во Сараево каде што и живееше.

Фото: Фејсбук

Енес своевремено за Гранд има отворено зборуваше за семејството и како ја запознал својата сопруга.

Тој се вљубил на прв поглед веднаш откако ја здогледал Аземина, а нивната прва средба ја памти и денес.

Фото: Никогаш не е доцна

Како плод на нивната голема љубов тие ќе ја добијат ќерката Аријана, кога Енес имал 25 години, а потоа ќе пристигне и синот Армин.

Фото: Фејсбук

Веста за смртта на Енес го потресе целиот регион

Откако медиумите ја објавија тажната вест многу колеги од естрадата се огласија и не ја криеја тагата заради оваа страшна трагедија.

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Еден од нив е и пејачот Слоба Радановиќ кој преку својот Инстаграм профил испрати емотивни зборови до својот драг колега.

„Драг Енисе, легендо на народната музика, која целиот живот ги развеселува луѓето ширум светот, многу ми е жал заради твојата болка и трагедијата што ти се случи. Сите сме со тебе и твоето семејство! Бог нека ви даде сила, а на душата на твојот син да пронајде мир“, напиша Слоба на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button