Култура на најниско ниво – погледнете на што налета македонската дизајнерка среде трговски центар во Скопје
Познатата македонска дизајнерка згрозена од глетката на која среде трговски центар.
Маја упати критика до своите сограѓаните.
Дизајнерката Маја Кикириткова е доста популарна на социјалните мрежи, каде е активна скоро секојдневно.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Честопати на Инстаграм споделува совети за модни комбинации, но и покажува како го уредува својот дом и како ја негува својата кожа.
Маја и нејзиниот сопруг се родители на две дечиња, синот Лазар и ќерката Ева.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Дизајнерката максимално ужива во мајчинството, но и во уредувањето и декорирњето на нејзиниот дом, кој изгледа како на списание.
Во него преовладуваат светлите тонови и сѐ е уредено во минималистички стил.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Шетајќи низ скопските трговски центри Маја налета на глетка која предизвика револт кај неа, па почувствува потреба јавно да им се обрати на своите сограѓани.
Имено, на паркингот во еден од скопските трговски центри, Маја налета на употребена бебешка пелена, која родителите чие дете ја користело ги мрзело да ја фрлат во корпа за отпадоци, па си ја оставиле среде пат.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Маја ја објави глетката на Инстаграм, а во опис напиша:
„Никогаш нема да нѐ биде. Тешко беше пелената да ја фрлите во корпа, па ја оставивте на паркинг во мол“.