Реклама
Наши ѕвезди

Кужет од „Ѕвездите на Гранд“ со помош на овој режим на исхрана се ПРЕПОЛОВИЛА – минус 20 килограми за само шест месеци!

Реклама

Познатата водителка многу внимава на исхраната…

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Сања Кужет наскоро ќе го прослави својот 39 роденден, но на своите фотографии изгледа многу помладо.

Убавата водителка од „Ѕвездите на Гранд“ нема ни грам вишок и покрај тоа што два пати се остварила во улога на мајка, а неодамна ја откри и тајната за својот изглед.

Маркетинг

Имено, Кужет во една пригода за „Glossy“ откри дека за време на бременоста се поправила речиси 20 килограми, но по шест месеци ја вратила линијата.

„Јас сум висока жена и на нас ни е полесно. И кога ќе се поправиме, тоа некако убаво ќе се распореди и не се забележува толку“, раскажа своевремено шармантната водителка, пренесува српскиот портал „Glossy“.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Таа потполно го исфрлила лебот од исхраната и генерално, не јаде јаглени хидрати бидејќи од нив само отекува.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

„Првата работа од која што се откажав беше она прекасно, топло печиво кое толку многу го сакав. Верувајте ми дека без јаглехидрати многу полесно ќе го пребродите работниот ден, бидејќи тие влијаат на тоа да ни се спие. Кога ќе го исфрлите сето она што ви пречи на вашето здравје, ќе видите колку тоа поволно ќе влијае и на вашиот изглед“, вели таа.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Наместо благи работи, јаде овошје, а во целата работа секако и има помогната и еден спорт кој го обожава.

„Никогаш не сум била голема љубителка на благи работи. Штом ќе почувствувам дека ми паѓа шеќерот, ќе изедам некое овошје. Некогаш ќе земам и јагоди со шлаг, тоа ми е супер. Година дена активно играм тенис и тоа многу ми помага да останам витка. Тој спорт е мојата љубов од млади денови, но порано немав време да му се посветам. Благодарение не тенисот имам повее елан да вежбам и да бидам во добра форма“, откри убавата водителка.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Таа денес редовно се занимава со спорт, а минатата година успеала да го истрча целиот Белградски маратон.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Но и покрај тоа што е во форма, нејзината работа воопшто не е лесна, посебно кога мора да биде позитивна и насмеана, а во животот и се случува некоја драма. Впрочем токму за една таква непријатна ситуација Кужет зборуваше неодамна, кога на снимањето на шоуто нејзиниот син имал незгода.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Имено, додека траело снимањето на емисијата, постариот син на Сања паднал и ја сериозно ја повредил главата.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Мајката на водителката и се јавила и и’ кажала што се случило, и тоа токму во моментот кога таа требало да излезе на сцената.

„Имаше во тој момент сериозен потрес на мозокот. Тоа беше само една од ситуациите, но кога ја гледате емисијата, немате поим што се случува. Тоа е една од работите кои што просто мораме да ги сокриеме. За време на снимањето за сите овие години изгубивме многу драги луѓе, имавме сериозни лични губитоци“, се потсети Кужет на еден од најтешките моменти во нејзината кариера.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Таа вели дека имало многу моменти во кои била емотивно растроена, но морала и понатаму да се смее. Секако дека многу полесно и било додека била помлада, бидејќи тогаш и се случувале само убави работи.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Но со годините дошле и оние тажни и болни моменти, но како што вели самата, тука е и сцената, музиката и пред се шоуто кое што едноставно мора да продолжи.

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Фото: Инстаграм/ Сања Кужет

Поврзано

Back to top button