Денеска е Преподобна Ксенија Римјанка.
Родена е во Рим како ќерка-единица на прочуен сенатор.
Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители, па за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно, заедно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христоуподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ.
За Преподобна Ксенија Римјанка бидејќи се верува дека нејзините мошти донесуваат исцелување на секоја болест како и среќа на оној кој ќе ги допре.
Бидејќи станува збор за светителка кој цел живот се борела за правото на жените сами да одлучуваат што ќе прават со својот живот, Ксенија и денес се смета за заштитничка на поубавиот пол.
Поради тоа дамите денес би требало да се воздржат од секаква работа, особено врзана за домот. Наместо тоа во чест на оваа светителка би требало денот да го минат во природа и одмор, како и задолжително да наминат до црква, да запалат свеќа и да ја изговорат оваа молитва:
„Во тебе мајко сигурно се спаси боголикот, бидејќи примајќи го Христ, го следеше Господ Христ. Со делата учеше да го презираш телото, сакајќи повеќе за душата стварна бесмртна, затоа и со Анѓелите, Света Ксенија, се радува духот твој“.
Се верува дека желбата која ќе ја замислат во моментот додека и се молат на Света Ксенија сигурно ќе биде исполнета.