Реклама
Интервју

Ксенија Николова: „Октомври ми беше тежок месец, се чувствував полошо од било кога“

Реклама

Пет минути муабет со Ксенија Николова

„Животот повеќе никогаш нема да биде ист, но не значи дека нема да биде убав“.

Пред повеќе од една деценија на малите ТВ екрани нашите срца ги освоија неколку ултра талентирани дечиња од школата за глума на актерката Весни Бејби Петрушевска кои беа дел од нејзиниот проект „Бејби шоу“ кој сите деца со нетрпение го очекуваа пред малите екрани.

Фото: Приватна архива

Дел од тоа успешно телевизиско шоу беше и писателката и инфлуенсерка, Ксенија Николова, која од мала и кревка порасна во силна и успешна жена која денес цврсто стои на свои нозе.

Маркетинг

Ксенија успеа да се издводи како млада писателка  и да ја освои македонската читателска публика.

„Емотивен манипулатор“, „Сите мажи ја сакаат Лиа“, „Идиотски приказни“.. нејзините книги умеат да расплачат, трогнат, да ве потсетат на првата љубов и да го разбудат романтичарот во Вас.

Маркетинг

Таа е писателка која, како што самата вели, си дозоволува да лета што подалеку и што повисоко, и никогаш нема да си каже: „Ксенија, ти си женско и треба да твориш само од аспектот на една жена“.

Пред неколку дена ја прмомовираше нејзината шеста книга „Незадоволна“ во издавачката куќа Култура.

Фото: Приватна архива

Овој роман е  посветен на жената и на нејзината среќа. Што значи да се биде среќна жена во секоја смисла на зборот? Постои ли формула? Каде завршува потрагата по среќата, ова се безброј неодговорени прашања кои низ животот не тера да да се запознаваме и откриваме себе си.

За Гламур.мк раскажа како поминала промоцијата, како пандемијата влијае врз неа и нејзиното здравје, но и за големата промена во нејзиниот живот – бракот.

Фото: Приватна архива

Пред неколку дена имавте промоција на вашата нова книга насловена како „Незадоволна“. Можете ли да ни ги пренесете импресиите од промоцијата која се случи среде пандемија?

Промоцијата помина одлично. Во книжарницата Култура направивме еден настан којшто беше според сите мерки и морам да кажам дека сме многу среќни што се помина во најдобар ред. Луѓето циркулираа немаше задржување и собирање, влегуваа еден по еден. Беше навистина одлично, енергијата беше изненадувачки позитивна, сите бевме опуштени и весели.

Вашите книги секогаш ги пишувате во машки род, но сега за прв пат во женски, Требаше ли храброст за ваков потег од Ксенија за конечно да се „coгoли“ пред своите читатели и јасно да ги постави прашањата кои ги мачат многу жени?

Фото: Приватна архива

Па, да јас навистина сакам да се трансформирам низ моите ликови. Во машките ликови долго време ми беше  неверојатно удобно , но не сакам да се заробам таму. Сакам да се предизвикувам и да растам, да се обидувам и да не дозволам во една точка. Секој роман е чекор напред. Кога ќе се сетам на колку луѓе им беше чудно  што пишувам во машки род, небаре уметноста има правила и е некаков грев да се трансформираш во разни ликови. Јас не знам поинаку да пишувам, јас морам да го чувствувам  тоа што излегува од мене, а кога тоа се случува  јас си дозоволувам да летам што подалеку и што повисоко, и никогаш нема да си кажам: „Ксенија, ти си женско и треба да твориш само од аспектот на една жена“.

Фото: Приватна архива

Вие не само преку книгите туку и преку вашиот Инстаграм профил инспирате многу луѓе со вашите позитивни мисли. Kолку ве радува фактот дека вашата мисла навистина може на некого да му помогне?

Многу ме радува и многу ме мотивира. Секогаш велам – заедно растеме. Навистина е така, но нема ништо поубаво од тоа кога сето тоа е искрено, мислам дека таму се крие убавината. Тоа се чувствува и тоа е нешто коешто ја движи енергијата.  Јас отсекогаш пишувам на моите социјални мрежи и моите следбеници знаат дека тоа е катче каде што можат да најдат надеж,љубов, вистина и уметност.

Фото: Приватна архива

Вие долги години се борите со анкциозноста која стана за жал модерна болест. Kолку овој период ви влијаеше на вашата зравствена сосотојба?

Влијаеше доста, да бидам искрена. Октомври ми беше месец исклучително тежок месец, не знам зошто. На моменти се чувствував полошо од било кога, но за среќа долго време ја водам оваа битка и знам да се вратам во колосек. Таков е животот со анксиозноста, ќе завршам тука  со една мисла токму од новиот роман – само поради тоа што животот повеќе никогаш нема да биде ист, не значи дека нема да биде убав.

Фото: Приватна архива

Неодамна се заколнавте на вечна љубов со вашето долгогдишно момче. Kако е да се биде во брак?

Нам ни е потполно исто, не чувствувам никаква разлика. Се разбира се е процес и некои работи сами си се редат, но убавината на нашата приказна е што научивме да не се предаваме и тогаш кога е најтешко. Откако го научивме тоа , мислам дека самиот универзум  ни прати некоја сосема нова сила и енергија, и откако почнавме вистински да ја цениме нашата среќа, сфативме зошто некои работи се случија баш како што се случија.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Весна Петровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button