Реклама
CelebrityИнтервју

Ксенија Деспотоска: „Убавината ја носиме во нас, ако зрачиме од внатре не ни треба шминка.“

Реклама

Таа важи за една од најпознатите блогерки во земјава. Инспиративна, млада, урбана, секогаш позитивна, тоа е Ксенија Деспотоска која има повеќе од 20 000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. За тоа како е да се биде инфлуенсер во Македонија, како се прават најоткачените фотографии и од каде се црпи инсипрација прочитајте во продолжение….

Што значи да си инфлуенсер во Македонија?

Искрено за мене тоа е успех. Бев тука кога не постоеше тој збор кај нас и со многу труд стигнав до тука. Денес мислам дека е една од најпосакуваните професии на ова модерно време.

Маркетинг

Што најмногу те инспирира?

Најмногу ме инспирираат луѓето кои успеале, кои од ништо направиле се, кои се борат и се трудат и кои не се откажуваат.

Маркетинг

Има многу од кои може многу да научиме и да се инспирираме.

Има ли некој посебен дел од денот кој ти е најинспиративен?

Дефинитивно утрото. Утрото ми е омилениот дел од денот и тогаш сум најинспиративна. Најчесто сите идеи и слики настануваат тогаш.

Бјути рутина која редовно ја применувате?

Да ме прашавте пред една година ќе ви кажев премногу работи, сега гледам да бидам многу поедноставна, сакам да сум повеќе природна и гледам што помалку производи да користам.

Најчесто тоа е ББ крем, маскара, моливче за веѓи, руменило и кармин.

Убавината ја носиме во нас, ако зрачиме од внатре не ни треба шминка.

Што те прави среќна и исполнета?

Среќна и исполнета ме прават луѓето околу мене, моето семејство и пријателите, оние кои безусловно ме сакаат и поддржуваат. Привилегијата што ја имам да го работам тоа што го сакам, работа која секој ден ми носи нови предизвици. Среќна ме прави љубовта.

Може ли во Македонија да се живее од инфлуенсерство?

Да може да се живее, оваа професија зеде голем замав последниве години и доста е развиена и кај нас, па мислам дека може убаво да се живее од неа.

Каде се прават најлудите фотографии?

Па за најлуди фотографии нема посебно место, може да бидат секаде, битна е моменталната инспирација хаха. Но, за скоро очекувајте баш нешто поразлично од мене и сигурно помалку лудо.

Како се релаксирате?

Да бидам искрена понекогаш заборавам на тоа…

Но дефинитивно кога ми треба, тоа е прошетка со моето куче, ништо не може подобро да ме релаксира.

Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? Во што се чувствуваш најудобно?

Не знам дали би можела да издвојам само едно омилено парче облека, најчесто се што ми е ново ми е омилено хаха.

Можеби фустанот од матура еве да го издвојам како едно омилено парче што си го чувам во мојот плакар.

А најудобно се чувствувам дефинитивно во тренерки хаха.

Омилено телевизиско лице?

Хмм… Не знам дали сум единствена ама искрено немам некое омилено телевизиско лице, а и никогаш сум немала конкретно некој…

Во одреден период одредени лица ми се допаѓаат, ама немам омилено.

Која работа никогаш не сте ја направиле, а сте сакале?

Секогаш сум правела тоа што сум сакала, најчесто се што правам сакам да биди нешто што ќе го правам од срце и со љубов.

Но еве една работа што многу ја сакам, а се уште ја немам направено, тоа е прошетка во Париз, дефинитивно една од најголемите желби што сакам, а не сум ја направила.

Која лоша навика сте успеале да ја победите?

Можеби да го живеам животот како човек, а не како робот.

Најубавото нешто што ви се има случено поврзано со вашата работа?

Тоа се можностите што секојдневно ми се нудат, многу нови и интересни работи. И најубавото нешто е дефинитивно тоа што си ја работам работата што ја сакам, нема ништо поубаво од тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button