Реклама
CelebrityНовости

Крушевските сокаци пусти без чекорите на Тоше – и по 13 години иста болка и тага во родното место

Реклама

Крушево тагува.

ФОТО/Фејсбук

На денешен ден пред 13 години животот го заг уби Тодор Проески во страшна сообр аќајна нес реќа.

Тоше беше најголемата музичка ѕвезда во Македонија, но и на Балканот.

Маркетинг

Веста како гром од ведро небо  одекна во целиот Балкан.

Никој не веруваше додека медиумите не ги објавија првите страшни фотографии од несре ќата во Хрватска.

Маркетинг

Семејството, пријтелите, фановите, цел Балкан беше во голема болка и лелек по македоскиот славеј.

Тој беше пејач без скандали и контр оверзно однесување, Тоше се избори за својата позиција и го достигна статусот најголема ѕвезда во Балканот.

Го сакаа и колегите, дури и оние кои никогаш немаа прилика да го запознаат, но го сакаа пред се благодарение на музиката.

Се палеа свеќи во сите градови низ Македонија, но и во целиот регион.

Крушево стана најпосетуваниот град на Балканот, секој имаше желба да дојде и да го посети родното место на нашиот ангел Тодор Проески.

Обожавателите беа бесни што долго време се чекаше да се направи вечното почивалиште на Тоше, дури и српските медиуми пишуваа дека е срамота и тажно што најголемата музичка ѕвезда и гордост наша нема споменик каков што заслужува.

Но, денеска по 13 години конечно е завршена гробницата на Тоше Проески каде семејството, обожавтелите и пријателите ќе му се поклонат и ќе му одадат почит.

ФОТО/ Фејсбук

 

Спомен куќата на Тоше Проески

Пред 9 години беше изграден Музејот, Спомен куќата на Тодор Проески на Гумење во Крушево.

Илјадници фанови до сега ја имаат посетено оваа Спомен куќа во Крушево.

– Во Спомен куќата на една од најголемите Балкански музички ѕвезди Тоше Проески се изложени околу 350 експонати, негови автентични предмети.

Поставките се менуваат на денот на роденденот на Тоше и на денот на трагичниот настан, 16 октомври. Ова се дел од годишните активности на Музејот за негова промоција и популаризација, пред се, за раскажувањето на приказната за битисувањето на еден човек кој има само датум на раѓање – ова го кажа директорот на Споемн Куќата, Елена Мирчевска.

И по 13 години Крушево остана во истата болка и тага, остнаа сокаците без чекорите на големиот Тодор Проески кој во секоја прилика раскажуваше и го промовираше своето родно Крушево.

Сограѓаните горди што во нивниот град се родил македоснкиот бисер со ангелски глас и што имале можност да го познаваат лично и благодарни што светот дозна за ова мало но убаво место во нашата убава земја.

 

 


Foto/Nort Macedonia Timeless

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button