Реклама
Вирално

Крофните на Нина го обединија Балканот – сликар од Македонија и браќа од Хрватска покажаа дека за добрината не постојат граници

Големо БРАВО за оваа мала хероина

Реклама

Приказната за девојчето со крофните, Нина Нинковиќ, ги воодушеви сите што слушнаа за нејзината хумана идеја.

Имено, оваа млада дама од Нови Сад со продажба на крофни успеа да заработи пари за лечење на нејзиниот татко Зоран.

Приказната за малата Нина се прошири и надвор од границите на Србија, па така Зоран Кардула, познатиот македонски дизајнер и илустратор, објави постер со ликот на девојчето што го направи специјално за неа.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Зоран Кардула

„Морав да направам плакат во знак на благодарност за љубовта и борбата да собере пари за лечење на нејзиниот тако“, напиша Кардула на Твитер под фотографијата со постерот на кој е ликот на Нина опкружен со крофнички.

Фото: Инстаграм/ Зоран Кардула

Тој и го испрати портретот на малата хероина, а пото на социјалните мрежи објави и како таа позира со него и им се заблагодари на сите што помогнале. Тој посебно му се заблагодари на фотографот чија фотографија била основа за неговото дело, како и на луѓето што помогнале во печатењето и организацијата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Зоран Кардула

„Нина си ја доби сликата… Благодарност до сите кои помогнавте во напорот и желбата на малата Нина да собере пари за лекување на нејзиниот татко“, напиша тој во својата објава на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Инаку, приказната за Нина се прошири и во Хрватска, па така двајца браќа од Краљевац во близина на Риека решија да продаваат крофни и парите да ги испратат на семејството на Нина, за лекување на нејзиниот татко.

Тие продаваат на штанда на кој јасно е истакнато дека собираат пари за таткото на Нина продавајќи ги вкусните домашни крофни.

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Како што се наведува во описот на социјалните мрежи на која беа објавени браќата, на местото случајно се нашле и туристи од Нови Сад кои со големо задоволство донирале пари.

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Браќата успеале да соберат 650 евра кои ќе бидат уплатени на сметката на Зоран Нинковиќ. Овие двајца хуманисти исто така би сакале да стапат во контакт со семејството на Нина и да ги поканат да им дојдат на гости во нивниот роден град во Хрватска откако Зоран успешно ќе се опорави од операцијата.

Повеќе од очигледно е дека гестот на 11 годишната Нина Нинковиќ допре до многумина, така што ова мало девојче со својата љубов и загриженост за здравјето на својот татко успеа да ги помести границите и да ги обедини луѓето во добрина.

Фото: Приватна архива, РИНА

Покрај сето ова, најубаво од сé е и тоа што успеа да собере значајни средства за лекувањето на својот татко, како и тоа што во нејзината приказна се приклучи и Министерството за здравство во Србија и изрази волја да финансира сé што е потребно како Зоран што побрзо би се излекувал.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button