Кристина долго време носеше перика, а причината ја откри заради ПОПУЛАРНИОТ јутубер кој сега сите го обвинуваат за нејзината cмpт
Згасна уште еден млад живот
„Цело време се обидував да го сокријам тоа, луѓето да не знаат дека носам перика и само една личност ги знаеше тие информации поврзани со мојата коса“, изјави пoчинaтата јутуберка во едно од своите видеа.
Познатата српска јутуберка и гејмерка Кристина Кика Џукиќ пoчинa во вечерните часови на 8 декември, откако реши да си го одзеде животот заради, како што наведе нејзината соработничка, повеќегодишниот „бyлинг“ што го трпеше (вид на нacилcтво што се случува преку интернет).
Кристина последните две години од животот носеше перика, а таа информација Бака Прасе ја искористи за да се расправа со неа на во утринската програма на „Прва“, каде во една пригода заедно гостуваа.
По тој настан, Кристина реши на фановите да им ја открие вистината, и објасни што и се случило со косата и зошто тоа го криела од јавноста.
„Периката ја носам скоро година дена и се обидував тоа да го сокријам, никој да не види дека користам перика. Како што гледате и сега, секое видео ми беше вакво. Го сечев челото во кадарот за да не се познава дека е перика, еве ви одговор зошто ги сечев моите видеа до половина глава“, изјави Кика.
Таа ова видео го објави во мај 2020 година.
„Се обидував да го сокријам тоа, луѓето да не знаат дека носам перика и само едно лице ги знаеше тие информации поврзани со мојата коса, и тоа беше мој добар другар, со кого се скарав неколку месеци пред драмата.“
„И каква случајност, мојот другар беше добар и со Бака Прасе и тогаш Бака им откри на сите дека носам перика. Но добро, барем ми олесна искрено, бидејќи сега не морам да се мачам да кријам, сите знаат дека носам перика.“
„Е сега, што се случи со мојата коса. Пред неколку години, имав кафеава кратка коса, мислам до рамењата. И ја бојадисав јас во плаво и заминав кај многу добар фризер кој ме уништи. Потоа бев да направам надоградба на косата и ја држев две години со корекции. И последен пат кога бев да ја тргнам надоградбата, всушност заклучив колку многу косата ми е испукана. и покрај тоа што косата ми изгледаше како е**на метла, од надоградбата ми остана лепак во косата“.
„Мајка ми и јас се обидувавме да го тргнеме тој лепак, но добро се сеќавам дека последниот пат кога ја вадев надградбата, тоа беше болно и едноставно не сакав повторно да минувам низ тој процес. Едноставно, мајка ми ми го олесна животот и стресот и сето тоа, па зема ножички и ми исече половина од косата. Ги исече сите делови на кои остана лепакот и мојата коса изгледаше вака“ изјави Кика и покажа во видеото што и остана по шишањето.
„Не знам како да ви објаснам, се обидувам да ви објаснам како вие да сте мои ортаци. Мојата коса на мене ми беше сé. Мојата долга руса коса беше мојата самодоверба. Без неа не бев јас и кога мајка ми ми ја исече косата, буквално се погледнав во огледало и плачев три часа“.
„Мојата коса беше мојата самодоверба, бев и ‘кјути’ и ‘бед бич’ и без долга, руса коса, се чувствував она… Тоа едноставно беше проблем во мене, недостаток на самодоверба и тогаш одлучив да носам перика“.
„Многумина од вас ќе кажат дека воопшто сум немала потреба да носам перика бидејќи некој сака и кратка коса, но јас едноставно не сакам кратка коса и тоа не беше за мене, немав дури ни фризура, бев уништена. Сега дојде денот кога можам да излезам без перика, бидејќи косата доволно ми порасна. Сега повеќе го немам тој комплекс, бев е**о искомплексирана, не можев да излезам од дома, а да не носам перика, но во суштина сега не ми е проблем да бидам без неа“.
По објаснувањето, Кика им покажа на фановите како изгледа без перика. Под вештачката коса, Кика имаше природна, во кафеава нијанса.
Песната „Блам“ на Бака Прасе
Инаку, споменатата песна со која што Бака Прасе ја навреди Кика е објавена на 19 октомври 2019 година и досега има осум милиони прегледи.
Тој по жестокиот дуел што го имаше со неа на телевизија, сними песна за некоја личност, а заради стиховите многумина сметаат дека песната се однесува токму за неа, иако тој се огради од тоа на следниот начин:
„Оваа песна не се однесува на никого, но ако некој случајно се пронајде во неа, јбг“, пишува на почетокот од песната.
Во споменатата песна тој и се обраќа на некоја јутуберка, ја нарекува ќелава и peтардирана, но и со многу други погрдни зборови.
Сега, кога Кристина си го одзеде животот, многумина оставаат коментари под песната и го обвинуваат Бака Прасе.
Сепак, многумина не знаат дека Богдан и Кика се смирија, а тој го откри тоа на својот Инстаграм по трагичниот настан:
„За ова што се случи дознав меѓу првите бидејќи нејзините пријатели ми се јавија и ми кажаа дека јавно ќе ме поддржат со вистината за целиот настан, но јас одбив бидејќи не сакам да бидам жpтва. Криво ми е за тоа што се случи. Криво ми е што не објавив дека се смиривме и дека станавме пријатели бидејќи луѓето не ја знаат причината, а покажуваат со прст, не им даваат на мpтвите мир и почит за да соберат неколку лајкови, прегледи, шерови и морални поени, за да ја исполнат својата желба за освета и тоа се на најгрд можен начин“.
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Кика Џукиќ