Реклама
Наши ѕвезди

Кристален лустер, гламурозни детали – погледнете што се „крие“ во СКАПОЦЕНИОТ гардеробер Лила Филиповска

Реклама

Домот на Лила зрачи со елеганција и стил…

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Познатата водителка Лила Филиповска никогаш не го криела своето главно оружје – шармот и харизмата на кои никој не може да остане рамнодушен. И откако го помина летото на неколку прекрасни дестинации таа е подготвена за своите нови предизвици во животот, а нејзините фанови се нестрпливи повторно да ја гледаат на телевизија.

Па така најпрво не шармираше кога за време на топлите летни месеци редовно ни ги покажуваше своите омилени костими за капење, кои повторно ги замени со своите тоалети во кои најчесто ја гледаме на малите екрани. Но овој пат Лила не изненади и со нешто други – имено, шармантната водителка реши да покаже и како изгледа нејзиниот плакар.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Oва секако не е прв пат како убавата водителка пред своите верни фанови ќе покаже како изгледа нејзиниот дом.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Преку нејзините фотографии не ретко можеме да видиме како е уреден нејзиниот дом кој е простран и во светли бои. Но овој пат имавме прилика да видиме и како изгледа плакарот каде што ги „крие“ своите модни парчиња.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Нејзиниот луксузен гардеробер кој вреди неколку илјади евра најмногу ги воодушеви претставничките на понежниот пол. Тука се неколку чатни од познатите светки модни куќи, но и кристалниот лустер кој ја доловува магијата и луксузот во кој нашата позната водителка сака да ужива.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

На една од полиците може да се забележи и луксузен комплет со познатото лого на модната куќа Шанел, но и нејзината неверојатна колекција со очила за сонце за кои можеме да кажеме дека и се заштитен знак.

Шармантната водителка овој пат покажа дел од своите омилени парчиња, но и дека нејзиниот дом зрачи со елеганција и висок стил.

Еве како изгледа нејзиниот плакар:

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Во продолжение погледнете уште неколку нејзини фотки…

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

 

Поврзано

Back to top button