Реклама
Наши ѕвезди

КРИЛЈАТА доминираа на „Макфест“ – Кој беше најдобро облечен артист во Штип?

Реклама

Прекрасни изведби, интересни сценски настапи,„ Макфест“ повторно го враќа сјајот на некогашниот препознатлив фестивал во земјава , но и регионот. Ова беа дел од коментарите на изведувачите кои по долги години повторно се одлучија да стапнат на оваа сцена.

Од пејачките која од која поубава, па така Симона Поповска се појави во неверојатна креација со пердуви и крила, вистинска дива на сцената.

Маркетинг

Маркетинг

 

На својот Инстаграм профил пејачката ги означи соработниците за песната „Бакни ме за крај“.

И пејачот Александар Тарабунов -Тара, отскокна со својот светски сценски настап.

Тој ја испеа цела песна додека лебдеше во воздух , пејачот висеше на сајли , а на себе имаше закачено огромни крилја. Навистина многу храбар потег.

– До последен момент се плашев дека ќе ми се скинат сајлите – рече во бекстејџ Тарабунов, Гламур дознава од сигурни извори.


„Тажен славеј“ е одлична песна која од сега се гледа дека ќе стане вистински макфестовски хит.

Кога сме кај крилјата уште еден настап беше украсен со овој моден додаток. Дуото Таско и Малена се претставија со песната „Сафир“ , а преубавата пејачка  се појави атрактивно облечена во мини црно фустанче .

На екранот зад нив бели огромни крилја ја надополнија убавата сцена.

Вечерва се одржа втората вечер на 38.„Мaкфест. Вкупно 18 нови композииции беа претставени пред јавноста. Во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип првата вечер се претставија 13 млади изведувачи, од нив петмина добија шанса уште еднаш да застанат на сцената: Тијана Периќ, Јасмин Алиевски, Драгана Јовановска, групата „Блу“ и Александра Трајческа.

 

Втората вечер имаше ревијален карактер и публиката уживаше во песните на популарните имиња каако: Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Таско и Магдалена, Панче Касапски, Ламбе Алабаковски и Полина, Симона Поповска, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, групата „Љубојна“, Зоран Илиев и Боно и Давид Миладинов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button