Криеше 9 месеци: Честитки пристигнуваат до Јелена од Драчево – голема среќа во семејството
Нашата позната актерка бременоста ја криеше од јавност.
Честитки пристигнуваат до Јелена поради принова во семејството.
Јелена Јованова е една од најангажираните македонски актерки.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова
Професијата ја работи со многу љубов и важи за голем професионалец, па токму затоа успехот е неминовен.
Јелена освен во македонски, има работено и на филмови и серии надвор од нашата држава.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова
Пред повеќе од деценија доби улога во филмот кој го режираше Анџелина Џоли, насловен „Во земјата на крв и мед“.
Со сопругот, хрватскиот актер Стјепан Периќ, се запознаа во 2013 година на снимањето на серијата „Тајни“, која доживеа огромен успех во Хрватска.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова
Плод на нивната љубов е синот Јаков, кој се роди во јуни 2020 година.
Деновиве на нејзиниот Инстаграм профил објави честитка упатена токму кон неа, за раѓањето на нејзиното второ дете исто така син.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова
Јелена целата бременост ја чуваше во тајност и воопшто не беше активна на социјалните мрежи.
Актерката сѐ уште го нема покажано лицето на нејзиното прво дете, а по сѐ изгледа така ќе биде и со второто.