Кривична пријава за медицинската сестра од пекoлот – ова е воспитувачката што го малтретираше сирачето (видео)
Детето што го малтретирала има само две години
Несовесната воспитувачка Ѓурѓија Алемпијевиќ (23) која во едно сиропиталиште во Белград непримерно го носеше двегодишното дете и го фрли како да е вреќа, а потоа фотографираше друго дете, е осомничена за злoоставување и мачење на малолетни лица.
Нејзиниот монструoозен чин предизвика гнев и осуда од јавноста во целиот регион. Откако се појави видеото и фотографиите на кои се гледа нејзиното несовесно однесување, надлежните служби во Србија против неа веднаш поднеле кривична пријава, а голема е веројатноста да добие и отказ во Центарот за заштита на доенчиња, деца и млади, пренесуваат српските медиуми.
Таа на сослушувањето се бранела како премногу емотивна, но и со нејзината пријателка и колешка: „Ние сме многу емотивни и многу ги сакаме децата. Мојата другарка, која исто така е вработена во Центарот, а која во моментов е на море, многу е поврзана со тоа дете, па го фотографирав за да и испратам слика“, изјави таа во полицијата.
Ѓурѓија во сиропиталиштето работела три месеци, а била вработена по договор на одредено време по препорака од професор од средно медицинско школо. Таа е апсолвентка на Вишото медицинско школо во Белград.
Да потсетиме, на видеото што пред неколку дена на социјалните мрежи го објави движењето Левијатан се гледа како воспитувачката влегува во просторијата за спиење и го носи малото дете држејќи го само за едната рака како да е вреќа, додека во другата држи телефон.
Таа потоа го фрла детенцето во креветчето, а со телефонот го фотографира другото дете што лежи во креветот до неговиот, и тоа во дел каде употреба на мобилни телефони е строго забрането, пишуваат српските медиуми.
Видеото предизвика гнев и осуда кај корисниците на социјалните мрежи, а несовесната воспитувачка која сега се соочува со обвинение, може да биде казнета од три месеци до 10 години затвор.