Реклама
Наши ѕвезди

Крвта не е вода: Ќерката на Маја Оџаклиевска ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ – копија е на својата мајка

Реклама

Дека крвта не е вода и дека убавината е наследна, докажуваат ќерките на македонската дива Маја Оџаклиевска.

Маја Оџаклиевска е една од најпопуларните пејачки на територијата на поранешна југославија, која со својот глас и стас успеа да ја освои публиката уште на почетокот на својата кариера.

Маркетинг

Нејзиниот заштитен знак беше црвената бујна коса, но и широката насмевка од која не се откажа дури ниту во тешките моменти.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

Таа е една од ретките на овие простори за кои слободно може да се употреби зборот „дива“. Денес повеќе ја нема црвената коса, но ја има сѐ уште специфичната убавина која ја красеше од млада.

Маркетинг

Многу познати личности беа вљубени од неа, а еден од нив бил и Бора Чорба.
Зад себе има дури „12 бракови“.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

„Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде оној момент кога е почне мрчење или однесување што не ми се допаѓа, јас ги ставам сите работи во кесе за ѓубре и ќе кажам: ‘Работите ти се тука’. Чао, довидување и нов брак“, раскажа Маја како гостинка во една телевизиска емисија.

Пред две децении одлучи да се откаже од својата успешна музичка кариера и целосно да се посвети на семејството.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

Маја оттогаш се појавува во поедини телевизиски емисии и настапува само како гостинка, и тоа се случува многу ретко.

Големо внимание во јавноста прилекува нејзината ќерка Андреа Оџаклиевска која е нејзина копија. Таа ја има наследено убавината од нејзината мајка и неверојатно потсетува на неа.

ФОТО: Андреа Оџаклиевска / Фејсбук

Андреа е доста активна на социјалните мрежи. Студентка по туризам и често споделува фотографии од своите патувања, но и со нејзината мајка.

Таа секогаш пишува емотивни пораки посветени за нејзината мајка.
„Другарка мајка“, стои во описот на една нивна заедничка фотографија на која премногу се гледа сличноста меѓу нив.

ФОТО: Андреа Оџаклиевска / Фејсбук

„Знам дека ќе бидам успешна, професионална, убава жена, затоа што ги имам твоите гени. Твојата љубов и поддршка ми значат ѐ, мама“, напиша Андреа на Инстаграм.

ФОТО: Андреа Оџаклиевска / Фејсбук

Покрај својата ќерка Андреа, Маја ја има и ќерката Теа, која ѝ го доподари внукот Лука пред шест години.

ФОТО: Андреа Оџаклиевска / Фејсбук

Оаклиевска често во медиумите зборува за болеста на својот внук и нејзината борба да го изведе на правиот пат. Како што неодамна истакна, таа целосно му се посвети на својот деветгодишен внук, кој е дете со аутизам.

Живее во Белград сама со внукот и како што вели, задоволна е од пензијата со која може да му подари пристоен живот.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

Пејачката откри и дека се надева дека ќе добие национална пензија, затоа што смета дека ги исполнува сите услови.

„Се надевам на национална пезија, не поради парите туку поради сатисфакција. На некој начин мене тоа ми е признаение дека нешто што сум почнала сум го направила како што треба.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

Снимив филм за на мајка ми да ѝ ја исполнам желбата. Вредно работев, секој текст го преживував неколку пати. Кога учествував на фестивал работев на песните за да отпеам најдобро што можам. Ја вложив душата, љубовта, енергијата и времето и затоа добивав енергија. И со својот буџет функционирам, не смее да се пречекори достоинството “, вели таа.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

Оџаклиевска вели дека е многу среќна што нејзиниот внук разбира кога таа нема доволо пари да му купи некоја играчка која тој ја посакува.

„Не можам на мојот внук да му пружам многу со мојата мала пензија, но тој ме разбира. Кога ќе кажам ‘Не може баба тоа, нема пари“, тој не е среќен, ама молчи. Не е бесно дете кое сака по секоја цена да биде по негово“, беше искрена Маја која потполно отворено зборува на оваа тема.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

Таа била првата која забележала знаци на аутизам кај Лука.

„Јас прва ги забележав првите манифестации на аутизам. Затварање, изолација, бегање под маса. Ова се случи еден месец откако ја прими вaкцината. Ѝ кажав на ќерката, а кога ни ја потврдија дијагнозата, тргнавме со разни методи на лечење, квантна медицина, биоенергетичари“, изјави скопјанката која долги години живее во Белград.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

Теа е помалата ќерка на Маја, за која таа ѝ претходно има изјавено дека е бунтовна и кога нешто ќе науми, никој не може да ја спречи.

„Теа си замина, не можам многу за тоа да зборувам. Сега Лука е сиот мој свет, мојот Универзум, сама се борам со неговата болест. Живеам за него и живеам за моментот кога ќе оздраве, но ете, гледате, тој има девет години и уште не зборува“, откри Маја за „Женски магазин“.

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

Семејството е најажната работа во животот, а пејачката целото свое внимание и љубов го посветува на своите ќерки и внукот.

Сите три се борат како вистински лавици да обезбедат поубава иднина за Лука, а во продолжените погледнете уште нивни фотографии:

ФОТО: Андреа Оџаклиевска / Фејсбук

 

ФОТО: Андреа Оџаклиевска / Фејсбук

 

ФОТО: Андреа Оџаклиевска / Фејсбук

 

ФОТО: Андреа Оџаклиевска / Фејсбук

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

ФОТО: Маја Оџаклиевска / Фејсбук

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button